00389 2 3091 484
јануари 01,2014
Современ пристап на акутен ендокардит
Кај многу пациенти со акутна бубрежна инсуфициенција, посебно кај оние со сепса, употребата на ситемот за дијализа може да биде многу тежок и проблематичен. Новите oXiris™ филтри имаат посебна мембрана која има уникатна можност да ги отстранува воспалителните медијатори, односно отсртанување на ендотоксините, кои се главни инфламаторни поттикнувачи за настанаување на сепса. Исто така заради зголемениот ризик од крварење кај овие пациенти мембраната на oXiris™ филтрите го неутрализира дејството на хепаринот кога е во контакт со мембраната.Пациент A. A. на 38 годишна возраст, на ден 23.09.2013 година е примен во ПЗУ Специјална Болница по хируршки болести Филип Втори, за третман на акутен бактериски ендокардит. Пациентот ургентно донесен од Русија со авио транспорт поради влошување на клиничката слика. На прием беше со благо покачена температура, отежнато и забрзано дишење со знаци за левокоморна слабост во склоп на инфективниот ендомиокардит. Ехокардиографски на аортната валвула се дијагностицира ендокардит и вегетации, аортна регургитација од трети степен. Микробиолошките наоди за позитивна хемокултура. На ден 30.10.2103 година настапи нагло влошување на општата сотсојба поради влошување на инфектот со пораст на температура до 39,0 Ц. Пациентот е со знаци за срцева декомпензација и акутизирање на аортната регургитација до четврти степен поради влошување на ендокардитот. Во консултација со кардиоваксуларен хирург индицирана е итна операција. На ден 30.10.2013 година после соодветна подготовка, направено е итна операција, замена на аортната валвула со имплантација на механичка протеза (SORIN -25 mm).
После излегување од сала пациентот беше со високо дозирана катехоламинска подршка, високо фебрилен до 40,0 Ц во склоп на септична шокова состојба. Настапи појава на тонично-клонично грчеви. Вклучена невропротективна терапија послешто се купираа невролошките симптоми. Земен е материјал за микробиолошка анализа. Микробиолошките анализи со наод за Pseudomonas aeruginosa и хемокултура позитивна за Propionbacterium acne. Пациентот е поставен под терапија со Линезолид и Имипенем. За третман на септичниот шок поставен е на веновенска континуирана филтрација со oXiris™ филтeр, после што напстапи хемодинамска стабилизазија, катехоламините намалени до минимални дози во период од 48часа,пациентот невролошки комплетно стабилен, свесен, ориентиран, екстубиран после 58 часа. Настапи значително подобрување на клиничките симптоми како и нормализирање на телесната температура. Хемодијализна филтрација исклучена петтиот постоперативен ден. Катехоламинската подршка постепено намалувана и исклучена деветтот постоперативен ден. Спроведувана интензивна респираторна терапија и започнати постепени мобилизациски постапки кои уредно ги толерира. Понатамошниот постоперативен тек беше уреден.
Пациентка Р. П. на 62 годишна возраст, на ден 13.11.2013 година примена по трет пат во ПЗУ Специјална Болница по хируршки болести Филип Втори заради реоперација на митралната валвула. Субјективно се жали на замор и стегање во гради при движење, гушење. На ден 14.11.2013 година после соодветна подготовка, направено е реоперација, замена на митрална валвула со биолошка протеза (Medtronic 27 mm). Хемодинамиски и ритмички стабилна после излегување од сала со ниска катехоламинска подршка. Ординирана континуирана диуретска стимулација со добар одговор. Екстубирана после 18 часа. Вториот постоперативен ден пациентката е олигоанурична со пораст на деградациони продукти, хепатални ензими и инфективни маркери во лабораториските анализи. Антибиотик ординиран според микробиолошките наоди. Поставена е три дена на континуирана вено-венозна филтрација со oXiris™ филтeр. Хемодинамски и ритмички се стабилизира со услови на намалување и исклучување на катехоламинска подршка. Спроведувана е респираторна терапија и започнати постепени мобилизациски постапки. Постоперативниот тек беше уреден.