Современа, минимално инвазивна метода за третман на заболувања на ’рбетот во Клиника Жан Митрев

Настани

февруари 6, 2026

Во Одделот за неврохирургија во Клиника Жан Митрев се изведува напредна ендоскопска процедура за третман на болки и хронични заболувања на ’рбетниот столб. Интервенцијата се спроведува под прокторство на д-р Скевос Пуллас, пионер на Балканот во примената на оваа метода.

Методата е наменета за третман на стеноза на ’рбетниот столб, дегенеративни заболувања, дискус хернија и екструзија на диск, адхезии, цистични лезии, како и за биопсија на тумори.

Процедурата е минимално инвазивна и овозможува значително помала болка и брзо опоравување, при што пациентите си заминуваат дома неколку часа по интервенцијата, без долга хоспитализација.

Современа технологија, врвна експертиза и побрзо враќање во секојдневниот живот.