Современост, етика, свесност, психотерапија

Дневна доза здравје

октомври 7, 2015

Прв интернационален и интердисциплинарен конгрес

Во периодот од 17.09.2015 до 20.09.2015 година во Загреб, Хрватска, се одржа Првиот интернационален и интердисциплинарен конгрес на тема “СОВРЕМЕНОСТ, ЕТИКА, СВЕСНОСТ, ПСИХОТЕРАПИЈА”. На овој конгрес учествуваа вкупно 500 учесници и преку 20 предавачи од Европа (Англија, Германија, Словенија, Франција, Хрватска, Македонија, Србија итн.). Психoлог Фросина Ристовска учествуваше на конгресот и беше дел од предавачите на истиот, каде одржа презентација, предавање и работилница на тема “Употреба на гешталт психотерапија со кардиолошки пациенти”. Ова предавање предизвика голем интерес кај колегите од земјите учеснички, токму поради специфичноста на темата и популацијата со која е работено. Беа воодушевени да видат и чујат дека гешталт терапијата се користи и во болнички сетинг, особено дека лекарите од „Филип Втори“ успеваат да го препознаат бенефитот за пациентите од гешталт терапијата, што е реткост. „Филип Втори“ како установа е единствена во однос на она што го нуди и начинот на кој се работи со кардиолошките пациенти на Балканот.