00389 2 3091 484
јануари 21, 2019
ПЗУ Клиничка Болница ЖАН МИТЕВ Скопје
19 ГОДИНИ ВРВНА МЕДИЦИНСКА НЕГА
Ориентирана кон суштински вредности, Клиничка Болница „Жан Митрев“ – Скопје, ги поставува принципите и практиките на одговорност, транспарентност, етичко однесување, а пред сè почитување на интересите на своите вработени. Задоволна и здрава работна сила води до зголемена продуктивност, а процесите на работење кои ги задоволуваат и највисоките светски стандарди, ни даваат за право со гордост да зборуваме за нашата општествена одговорност. Ние нудиме пакет со кој придонесуваме нашите стручњаци, докажани секој во својата област, да останат дома и да бидат дел од нашата клиника, а при тоа работејќи во средина во која има врвна дијагностичка опрема и воспоставени светски квалитети. Ние го донесовме „странство”, дома, а Ваше е правото на избор.
Нашата клиника е круната на нашето здравство, а задоволните вработени го чинат нашиот имиџ.
СПЕЦИЈАЛИСТИ ОД СИТЕ ОБЛАСТИ
Одговорности и работни задачи:
Специјалистот треба да има добро разбирање не само за негата на пациентите, туку и за уникатните аспекти на болницата, културата на лекарите и клиничкиот персонал, и за тоа како овие делови функционираат заеднички за спроведување на квалитет во нега на пациентите и комплетните услуги. Да помагаат во процесот на развој на план за постигнување на организациските цели и редовно да го следат процесот за да се осигурат дека постои напредок кој води до успех Тој/таа покажува висок степен на критичко размислување, техничка вештина, иницијатива, интегритет, точност и внимателна медицинска нега.
За остварување на оваа цел неопходно е специјалистите да претстават свој личен план/ програма за реализација за 2019 година, во која детално ќе бидат објаснети процесите на развој /подобрување во специјалноста, новитетите во технологијата и услугите, како и начинот на придобивање/зголемување на пациенти.
Вештини и способности:
Потребни квалификации:
Клиничка болница „ЖАН МИТРЕВ“ нуди одлични услови за работа и високо професионална работна атмосфера. Можност за личен развој, едукација и доусовршување, како и имплементирање на нови технологии и третмани.
Основната бруто месечна почетна плата за горенаведената работна позиција, по поднесенa и прифатена програма за реализација изнесува 390.000 илјади денари (нето почетна плата 240.000).
Испратете мотивационо писмо и CV на vrabotuvanje@zmc.mk