00389 2 3091 484
мај 4, 2015
Специјалната болница „Филип Втори“ ќе стане медицински партнер на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“
Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ има особена чест да ја информира јавноста дека ќе биде медицински пријател и партнер на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“. Најдобриот стрелец на планетава, најдобриот голгетер во Европа, актуелен најдобар десен бек на светот има одлична идеја која ние како врвна болница ја поддржуваме.
Задоволството е обострано бидејќи се воспоставува конекција помеѓу НАЈДОБРИОТ со НАЈДОБРИОТ во името на здравиот дух и здравите животни навики кои ги пропагира нашиот капитен Кирил Лазаров како врвен професионалец и Академик д-р Жан Митрев врвен кардио-хирург кој 15 години од основањето на болницата „Филип Втори’’ постојано работи во тој правец, подигање на здравствената култура кај населението. Грижата за децата е најголемата обврска што ја има едно семејство, едно општество, а болницата „Филип Втори“ многупати досега ја потврдила на најхуман можен начин својата општествена одговорност кон децата но и кон многу други пациенти од различни генерации. Средбата помеѓу двајцата големи Македонци ракометарот на „Барселона“ Кирил Лазаров и Академик д-р Жан Митрев револционер во кардиохирургијата во Македонија, ќе се случи кон крајот на месецов, со што ќе се официјализира оваа соработка.
По иницијатива на Академик д-р Жан Митрев сите деца пред да заминат во Охрид , ќе имаат можност во Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ да добијат комплетен медицински систематски преглед. Истиот ќе вклучува контрола на целиот организам на децата, работа на виталните органи, со сите потребни проверки за да бидат максимално посветени на спортскиот предизвик во тие 7 дена, колку што ќе трае ракометниот камп. Бидејќи ќе има дечиња од цела Македонија, д-р Митрев ќе обезбеди превоз на сите деца без оглед на градовите од кои доаѓаат на претходно организираните систематски прегледи. Нашиот тим кој ќе замине на кампот ќе се состои од 2 лекари, 1 физеотерапевт и 1 психолог, кои ќе бидат максимално посветени на децата преку 24 часовен здравствен мониторинг.
Едукативниот дел од кампот кој ќе го оргазираме ние ќе содржи 3 интерактивни работилници на тема: „Во здраво тело здрав дух“ , „Здравјето и исхраната“ и „Спортот и здравјето“. Тие ќе бидат прилагодени на интересите и возраста на децата. Се надеваме на долгорочна плодна соработка со нашата ракометна легенда Кирил Лазаров.
Со почит
Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“