00389 2 3091 484
ноември 12, 2015
Средба на трикратниот светски првак Димитар Ѓорѓиев и Академик д-р Жан Митрев
Светско злато и наша национална гордост, Димитар Ѓорѓиев и по трет пат ја одбрани титулата Светски првак во кик-бокс (WAKO). Шампионот го потврди очекувањето кое го изнесе на првата средба со Академик д-р Жан Митрев , дека златото и оваа година ќе остане во Македонија. Средбата се случи пред неполни 10 дена кога и официјално Специјалната болница „Филип Втори“ стана медицински партнер на сега веќе трикратнит светски ас. Веднаш по враќањето од Белград каде што се одржуваше првенството Димитар , со златното одличје дојде на кратка средба со Академик д-р Митрев.
„Пресреќен сум што и покрај лошиот ден на финалето успеав да го повторам успехот од претходните две светски првенства во 2011 и 2013 година. За разлика од борбата за златото, претходните две борби преку кои стигнав до финалето не ми беа проблем. Но, долгиот временски период од стартот на финалната борба и загревање за истата ми направи шок на организмот кој лошо влијаеше врз мене и ова ми беше најтешката борба до сега. Но, се е полесно кога имате одлична претходна здравствена подготовка па знаете како да се носите и со несакани ситуации. Се чуствувам сигурен кога грижата за моето здравјето е во рацете на најдобрите. Уште еднаш благодарам на д-р Митрев , д-р Аншуѓева и на целиот тим на болницата „Филип Втори“ . Голема радост за мене е што и оваа година знамето на мојата татковина се вееше највисоко , и секако златото на градите и химната кога се интонира , тоа е чувство кое Ве мотивира, обврзува . Иако таа победничка слика ја доживувам три пати по ред, секоја година чувството е како да е прв пат. Благодарам на сите кои ја препознаваат потребата да бидат со мене за посигурно да чекорам по патот до победата , благодарност до мојот народ кој ме поддржува , овој мој успех е успех и на Македонија“, изјави светскиот првак . Академик д-р Жан Митрев му ја честита победата на Ѓорѓиев , и му посака уште многу успешни години во неговата карера уште многу одличја , посочувајќи дека со оваа победа Димитар резервирал уште една страница во историјата на македонскиот спорт. Целокупниот персонал на Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ му ја честита победата на шампоинот и освоеното светското злато.