Студентите од медицински факултет собираа искуства од операционите сали во болницата

Дневна доза здравје

декември 1, 2016

“Еден ден поминат во болницата, со д-р Митрев и целиот персонал за нас е големо и драгоцено искуство“, раскажуваа група на студентки од втора и петта година од Медицинскиот факултет во Скопје. Во текот на оваа посета, идните доктори имаа можност да се запознаат со работата во сите оддели, да поразговараат со пациентите во одделенијата, пред амбулантите, да побараат одговор на нивните прашања од медицинскиот персонал. Сепак, најголемиот предизвик за нив била можноста да присуствуваат на две реоперации и во живо да видат како беспрекорно функционира тимот во операционите сали.

“Се е толку организирано во сала, тие се разбираат беа да си кажат нешто, едноставно, го следат д-р Митрев“, воодушевено зборуваа студентките во еден глас. Задоволни од квалитетно поминатото време во болницата, како и од целата организација околу нивната посета во болницата, тие се веќе подготвени за следна средба. Еден ден, се надеваат да бидат водени и да учат од најдобрите, како што се во болницата.