00389 2 3091 484
март 03,2016
Не случајно избран датум, не случајно избрано време 01.03.2016, 16.00 часот. Се отвори една од најмодерните болници во Европа, новиот објект во кој ќе работи д-р Жан Митрев со својот тим. Точно пред 16 години кардиоваскуларниот хирург д-р Жан Митрев ја направи првата бајпас операција во Македонија. Честа со д-р Митрев да ја отвори болницата ја имаше првиот опериран пациент г-динот Коста Шапков. На свечениот чин присуствуваше државниот врв, видни личности од општествено-културниот и политичкиот живот во земјава, како и врвни лекари од многу земји од светот. Д-р Митрев на своите гости им ја претстави болницата преку прошетка низ катовите, разгледување на просториите и на се она што значи последен збор на медицината применет преку највиски стандарди во работењето. Во продолжение следува фотогалерија од овој дел на отворањето.