Светски ден на физиотерапијата – професијата која ги одржува луѓето мобилни и независни

Дневна доза здравје

септември 7, 2018

My alt text

Во 1996 година, Светската конфедерација на физиотерапија (WCPT) го назначи 8 септември како Светски ден на физиотерапевтите, а тоа е датумот на кој е истата основана во 1951 година. Отогаш овој ден се одбележува секоја година и е можност за физиотерапевтите да ја подигнат свеста за клучен придонес во професијата која ги одржува луѓето да бидат мобилни и независни. Празникот се одбележува со единство и солидарност на глобалната физиотерапевтска заедница со цел да се признае делото што го прави секој физиотерапевт за своите пациенти. Македонските физиотерапевти се пред предизвик да остварат самостојна  физиотерапевтска дејност како колегите од над 100 членки на WCPT а со тоа да им овозможат директен пристап на пациентите до физиотереапијата во Македонија.

Физиотерапевтите постојано нагласуваат дека постојат многу причини за тоа дека физичката активност е добра за вашето тело – да имате здраво срце и добра  функција на  зглобовите и коските. Луѓето треба да го променат гледиштето кон физичката активности кон истата да се однесуваат  како нешто ценето, кое го прават за подобрување на своето физичко,ментално здравје и благостостојба.

Кон препораките се приклучуваат и тимот физиотерапевти од нашата клиника кое се континуирана и незаменлива алка во целокупниот ситем на Zan Mitrev Clinic.

Кои се бенефитите од физиотерапијата?

–  превенција од појава на депресија

–  спречување на развојот на менталното здравје со здравствени проблеми

–  подобрување на квалитетот на животот

–  голем и значаен антидепресивен ефект кај луѓето со депресија.

Како физиотерапевтот ќе ви помогне  за да ги постигнете вашите  цели?

Вашиот физиотерапевтот ќе:

  • внимава да разберете што Ви е важно
  • работи со вас за да развиете програма која е прилагодена на вашите потреби
  • Обезбеди цели кои се реални и остварливи
  • ќе Ве мотивира и ја адаптира програмата додека напредувате.

Бидете активни, останете активни. Соработувајте  со Вашиот физиотерапевт, за да го подобрите  вашето ментално и физичко здравје.