00389 2 3091 484
март 5, 2023
Петти март се одбележува како светски ден на повеќекратната личност . Одбележувањето е од две причини, и тоа: Првата која има за цел да се подигне јавната свест за растројството на повеќе кратна личноста, кое во последниот период се нарекува Дисоцијативно растројство на идентитетот (ДИД). Дисоцијативното растројство на идентитетот е состојба во која идентитетот на една личност е поделен на две или повеќе специфични состојби на личноста. Оваа болест останува слабо разбрана и донекаде мистериозна. Се смета дека траумите особено во детскиот период може да имаат влијание. Се манифестира со чувство на емоционална одвоеност, слабо себепрепознавање, губење на меморијата за секојдневни настани и лични информации. Лицата страдаат и од депресија, дел од нив се соочуваат со обиди за самоубиство, самоповредување, менување на нивоата на функционирање, обезличување, злоупотребуваат супстанции или се под влијание на аудитивни или визуелни халуцинации.
Во случај на дисоцијативно нарушување на идентитетот, поединецот поседува две различни или различни и релативно издржливи личности. Овие се нарекуваат и раздвоени личности. Па, овие различни личности одвоено го контролираат однесувањето на лицето. Само 1% од населението страда од ова нарушување на повеќекратна личност. Со ова состојба на овие лица им треба соодветна социјална поддршка од страна на членовите на семејството, пријателите и заедницата, но од големо значење е добивањето на психичка поддршка и помош.
Втората причина за одбележување на овој ден е запознавање на сопствената личност.
Но што е всушност Личност? Психологијата ја дефинира личноста како психолошка карактеристика на луѓето, која директно влијае на мислите, постапките и зборовите на секој човек. Но убаво е да се спомене дека Личност доаѓа од латинскиот збор persona, што значи маска. Персона е сценска маска што ја користел актерот за да го скрие вистинскиот идентитет на сценската личност. Има за цел да се претстави одредена особина на ликот.
Оттука и ние како луѓе, при анализа на сопствени постапки, зборови согледуваме дека секој од нас покажува различна страна од својот карактер при една состојба и на различни места. Понекогаш се чини дека нашите личности се менуваат, во зависност од тоа со кого сме и што правиме.
Истото треба да го имаме на ум за да се разбереме себе си и луѓето околу нас. Преку согледување на личните карактеристики ќе можеме да ги разбереме однесувањата, размислувања, карактерите на лицата, а тоа ќе ни овозможи да се однесуваме со поголема толеранција и поддршка кон нив.