Терапија со Кинемат при тотална ендопротеза на колено

Дневна доза здравје

јануари 23, 2020

Остеоартритис, ревматоиден артритис, трауматски артритис и други оштетувања на коленото во денешно време се се почести проблеми кај пошироката популација и индикација за хируршка интервенција наречена замена на тотална ендопротеза на коленото. Имајќи го во предвид растот на овие заболувања во  Zan Mitrev Clinic секојдневно  се спроведуваат ваквите интервенции во пакет со физиотерапија во ран постоперативен периoд. Бидејќи овој период е најважен за пациентите, физиотерапевтскиот тим од нашата установа посветува посебно внимание и грижа, користејќи нови технологии и современа апаратура во процесот на рехабилитација, кој со сигурност може да потврди за нивниот бенефит.

Што претставува замена на тотална ендопротеза на колено?

Замена на тотална ендопротеза на колено или уште наречена артропластика претставува хируршка процедура за враќање на нормалната функција на оштетеното колено каде се користат специјални протези за таа намена. Протезите се изработени од метални и пластични делови кои се користат за прицврстување на краевите на коските што го формиаат зглобот на коленото.

Терапија со Кинемат

Иновација во постоперативниот третман на колено е користењето на апарат за континуирано пасивни движења кинемат или ARTROMOT. Овој апарат му овозможува на пациентот безболно да ја поврати мобилноста во раниот постоперативен период. Има функција да ја одржува подвижноста на зглобовите веднаш после оперативниот зафат, да го одржува тонусот и еластичноста на мускулатурата, го зголемува степенот на подвижноста, превенира од создавање на контрактури во зглобовите на засегнатиот екстремите, ја подобрува ресорпцијата на течности/хематом, ја редуцира болката и ризикот од тромбоза.

Оперираниот долен екстремитет на пациентот се поставува на апаратот и компјутерски се подесува за изведување флексија- екстензија на колениот зглоб за определено време и определено дозирање на степенот на флексија. Во првите 24 часа флексијата е минимална со цел раздвижување на засегнатиот зглоб додека во понатамошниот период се оди до постигнување на максимален обем на колениот зглоб .

Оваа терапија може да се комбинира со нервно мусклуна стимулација  NMS која во определена позиција на коленото извршува дополнително активирање и стимулирање на мускулната група која учествува во извршувањето на флексијата  на оперираниот екстремитет.

Предноста што ја има оваа терапија  е тоа што овозможува три терапевтски системи во еден уред и тоа: контролирана мобилизација, нервномускулна стимулација и стабилизациски координиран тренинг.

После хируршкиот зафат замена на тотална еднопротеза на колено освен третманот со кинемат во комбинација се спроведуваат и други терапии за комплетирање на медицинската рехабилитација постоперативно како аплицирање на криотерапија на оперирана регија, спроведување на активно-подпомогнати вежби од страна на физиотерапевт, кинезиотејпинг,  едукација за спроведување на самостојни активни вежби од страна на пациентот, едукација за мобилизација во кревет трансфер во стол и обратно и едукација за правилна мобилизација со помагало (штаки).

Целта на превземените манипулации во постоперативната рехабилитација на колено е:

  • зголемување на обемот на флексија во коленото
  • зголемување на мускулниот тонус
  • самостојна вертикализација
  • самостојно одење со патерици
  • враќање на нормалното функционирање во секојдневието.

Освен кај замена на тотална ендопротеза на колено третманот со кинемат може да се спроведува и кај:

  • артроскопски процедури
  • хируршки третман на фрактури и псевдоартрози на долни екстремитети
  • пателектомија
  • корективна остеотомија
  • менистектомија
  • тотална замена на колк
  • реконструкција на ACL/PCL
  • стабилна остеосинтеза за кинезитерапија
  • операции на мекото ткиво и во областа зглобовите
  • забрзување на процесот на заздравување на р’скавицата на зглобовите

Контраиндикации за аплицирање на терапија со кинемат  e:

  • дијагностицирана тромбоза на долни екстремитети
  • тешки форми на контрактури
  • метастази
  • конгитивни нарушувања психијатриски нарушувања

По завршување на хоспиталниот дел од лекувањето пациентите треба да продолжат со своето рехабилитирање со цел да ги задржат претходните добиени резултати но и да ги унапредат своите перформанси по извршената процедура . Затоа тимот на физиотерапевти при Жан Митрев клиника овозможи истата оваа терапија да биде дел и од амбулантата за физиотерапија каде во комбинација со другите методи од физиотерапијата и во консултација со ортопедите-оператори го забрзуваат процесот на рехабилитација и овозможува брзо враќање на пациентите на своите секојдневни работни обврски.