Тимот на д-р Жан Митрев ќе се грижи за здравјето на најбрзиот автомобилист во Европа

Дневна доза здравје

ноември 12, 2015

Тимот на д-р Жан Митрев ќе се грижи за здравјето на најбрзиот автомобилист во Европа

Најдобриот македонски и европски автомобилист Игор Стефановски – Иџе е уште еден спортист, зад кој, како здравствена институција застана Специјалната болница „ Филип Втори “. Иницијативата на Академик д-р Жан Митрев за професионална грижа и контрола на здравјето на најдобрите спортисти се реализира под мотото „ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ НА ШАМПИОНИТЕ“ . Континуираното следење на психо-физичката состојба е императив за подобро здравје а со тоа и подобри резултати. На средбата помеѓу „ летечкиот “ автомобиист Стефановски и д-р Митрев , се разговараше за досегашните успеси на шампионот, за плановите кои престојат пред него во следната тркачка сезона, за автомобилите и адреналинската неограниченост и концентрација при натпреварувањата.

Огромна чест и задоволство е што еден таков тим на доктори предводени од д-р Жан Митрев од сега ќе се грижи за моето здравје , сепак здравјето е најбитното нешто на секој човек, а особено за нас спортистите, се надевам дека во наредната сезона заеднички ќе чекориме кон нови победи. Кога е здравјето во прашање имам впечаток дека сите ние , ова го кажувам првенствено тргнувајќи од себе, одиме на лекар само кога ќе почуствуваме некаков проблем. Со оглед на динамичниот начин на живот и обврските кои секојдневно стојат пред нас, кои на овој или оној начин не „трошат“ забораваме на себе , на фундаменталната причина и најважната работа – здравјето. Секој еден од нас мора да даде свој придонес за подигање на здравствената култура во земјава , бидејќи кога сме здрави се е полесно“ , изјави Стефановски.

На европскиот шампион брзината му е најсилната страна , дека владее неприкосновено со неа, покажа повеќе од 10 пати во родната Македонија , а две години го има епитетот – најбрзиот на стариот континент. Двократниот европски шампион е наша гордост и идол на многу млади . Не само со неговите успеси, туку и со неговиот карактер на смирен, позитивен лик, одмерен во зборот, голем во делата. Од 2003 година и инаети на брзината , докажувајќи му на светот, кога желбата и трудот се огромни резултатите се неизбежни, иако условите не се на завидно ниво. Д-р Митрев ја искажа својата поддршка во плановите на првакот, со надеж дека еден ден ќе го гледаме и како дел од големите светски трки.