Традиционално доделување на ваучери за педијатриски прегледи

Настани

декември 12,2024

Соработката со Општина Центар продолжи и годинава. Ваучерите за бесплатни педијатриски прегледи во клиниката, наменети за сите бебиња родени на територијата на општина Центар, беа доделени лично на родителите на настанот кој се одржа во ООУ „Киро Глигоров“ во Скопје. На овој настан во организација на градоначалникот беа доделени и други донации од општествено одговорни компании како и од самата општина.

Клиника Жан Митрев продолжува да ги подржува ваквите акции каде што се слави раѓањето и животот.