00389 2 3091 484
март 5, 2012
Третман на тешка пулмонална валвуларна стеноза
Дете Ј.Н, родено во 2003 година, од Куманово, со претходна дијагноза за постоење на дефект на коморската преграда, беше ехокардиографски иследено во Филип Втори и беше докажано постоењето на тешко вродено стеснување на валвулата (залистокот) на белодробната артерија со оптоварување на десната страна на срцето и разлика на притисоците меѓу десната комора и белодробната артерија од 130мм живин столб (ммХг).
Сл.1 ангиографија – десна вентрикулографија
После соодветна подготовка, во делумна аналгоседација, со анестезиолошка поддршка и со тимот на интервентната кардиологија од Филип Втори, во ангиографската сала беше направена перкутана балон валвулопластика на белодробната артерија.
Сл.2 ангиографија- максимално отворен балон
После дилатација (проширување) на залистокот со помош на балон катетер (Tyshak II – 16/40mm), се доби значајно намалување на ПГ на пулмонална валвула (од 130 ммХг пред интервенција до 50 ммХг по интервенција, редукција за 70%).
Сл.3 хемодинамика- пред интервенција
Сл.4 хемодинамика- по интервенција
Детето е отпуштено дома следниот ден и во добра општа состојба, на медикаментозна терапија.Контролниот преглед после 7 дена покажа резултат идентичен со оној добиен во сала, што е прифатлива вредност за нормален квалитет на живот.Кај него престојат натамошни контроли за проценка на ефектите од лекувањето и за проценка на функцијата на десната комора.