Уринарна инфекција во лето. Како и зошто се појавува?
Дневна доза здравје
јули 07,2023
Уринарна инфекција или циститис може да се појави во секое време од годината. Но, фактите говорат дека ваквите инфекции се зачестена појава во текот на летото.
Кои се симптомите на уринарната инфекција?
Симптомите на уринарната инфекција се манифестираат индивидуално, односно може да варираат од личност до личност. Сепак најчестите симптоми вклучуваат:
Болка или непријатност во долниот дел на стомакот: Ова е еден од најчестите симптоми при уринарна инфекција. Може да се појави чувство на притисок, болка или непријатност во пубичниот регион или долниот дел на стомакот.
Зголемена уринарна итност и фреквенција: Може да почуствувате постојана потреба за мокрење, при што често ослободувате само мала количина на урина. Исто така, вообичаено е да имате ненадејно чуство на итност за мокрење.
Болка или печење при мокрење: ова е познато како дизурија и може да биде доста непријатно.
Заматена или урина со непријатен мирис: Инфицираната урина може да изгледа заматена и да има силен или непријатен мирис. А во потешки случаи, може да содржи и траги од крв.
Нецелосно мокрење: Може да чувствувате како да не можете целосно да го испразните мочниот меур при мокрењето. Ова може да биде поврзано со воспаление на мочниот меур и може да предизвика постојано чувство на непријатност.
Општа малаксаност: некои лица може да доживеат малаксаност, замор, слабост или непријатност во телото поради уринарната инфекција.
Зошто настанува уринарна инфекција во лето?
Дехидрација: Во текот на летните месеци, често луѓето не пијат доволно вода, што може да доведе до дехидрација. Недостатокот на потребна коичина течности може да ја концентрира урината и да го олесни размножувањето на бактериите во уринарниот тракт, зголемувајќи го при тоа ризикот од инфекција.
Влажни костими за капење: Поминувањето време во влажни костими за капење или влажна долна облека подолг период, може да создаде топла и влажна средина погодна за размножување на бактериите. Ова може да биде особено вообичаено во текот на летото, кога луѓето уживаат во пливање или се задржуваат подолго време во базените, на плажите или други места со вода.
Користење на јавни тоалети: За време на летните одмори, луѓето може да користат повеќе јавни тоалети, кои може да бидат со лоши хигиенски услови. Користењето нечисти тоалети може да го зголеми ризикот од изложеност на бактерии, а со тоа и веројатноста за развој на уринарна инфекција.
Активности на отворено: Во текот на летото, многу луѓе учествуваат во активности на отворено, како што се кампување, планинарење или поминување време во природа. Овие активности може да имплицираат недостаток на пристап до соодветни услови за одржување на добра лична хигиена, зголемувајќи ја веројатноста за појава на уринарна инфекција.
Како се третира уринарната инфекција?
Се препорачува испитување на урина – уринокултура. Доклоку се утврди присуство на бактерии, по потреба може да се индицира антибиотски третман. Се користат антибиотици со кратко дејство кои брзо се елиминираат од урината.
Неколку препораки кои ќе ви помогнат да ја избегнете појавата на уринарната инфекција:
Одржувајте добра лична хигиена
Пијте доволно вода
Променете ја влажната облека за капење
Користењето чисти бањи може да помогне да се намали ризикот од инфекција, дури и во текот на летото.
Секогаш е препорачливо да се консултирате со лекар доколку се појават горенаведените симптоми за да се добие соодветна дијагноза и соодветен третман. Закажете на 02 3091 484
Поврзани Новости
11.11.2024
Редовните контроли – клучни за навремено откривање и решавање на заболувањата на простатата
Кога зборуваме за машкото здравје и современиот начин на живеење, најчесто споменуваниот орган кој страда е простатата. Простатата е дел…
Гинекомастијата претставува состојба на абнормално зголемување на дојките кај машките индивидуи. Се јавува како резултат на дисбалансот меѓу машките и…