Успешно излекуван акутен миокарден инфаркт со кардиоген шок со тромболитична терапија

Дневна доза здравје

април 2, 2012

Успешно излекуван акутен миокарден инфаркт со кардиоген шок со тромболитична терапија

Маж на возраст од 67 години се јавува на вонреден преглед во дијагностички центар СБХ ФИЛИП ВТОРИ. Од утрото се жали на јака градна болка проследена со тешко дишење и гушење. Тегобите постепено се интензивирале. На прием е во тешка општа состојба. Со алтерирана свест, блед, препотен, диспноичен, хипотензивен-клиничка слика на шок. Пациентот е опериран, аортокоронарен бајпас x 3, во 2006 година. Пациентот боледува од периферна циркулаторна болест, артериска хипертензија, хиперлипидемија, дијабет тип 2. Лекарите од дежурната екипа после кратка проценка и преглед на пациентот дијагностицираат акутен инфаркт на миокардот со знаци за кардиоген шок. Ехокардиографски, ЕКГ и лабораториски наоди во прилог на акутен инфаркт на миокардот на постеролатерален ѕид. Клинички и РТГ знаци за белодробен едем. Акутно преренално затајување.Поради хемодинамска и ритмичка дестабилизација кај пациентот е започната кардиопулмонална реанимација. Пациентот е интубиран и поставен на механичка вентилација. Ординирана катехоламинска стимулација, антиаритмична терапија, антокоагулантна терапија, диуретици, гастропротективи. Интра-аортна балон пумпа како механичка потпора на работата на срцето беше контраиндицирано да се постави поради изразената билатерална периферна болест. Се одлучи да се започне со фибринолитична терапија. Вклучен е рекомбинатен ткивен активатор на плазминогенот-алтеплаза по протокол. (лек кој ги разградува тромбите). После ординирањето на фибринолитичната терапија се забележа повлекување на СТ сегмент депресиите во предно латералните одводи. Хемодинамска стабилизација. За кратко време е постигната клиничка стабилизација. Пациентот е екстубиран наредниот ден. Постепено настапи намалување на маркерите на срцев распад. Нормализирање на бубрежната функција. Ехокардиографската контрола покажа постепено подобрување на срцевите перформанси. Кај пациентот се направи контролна МСКТ графтографија на која се утврди уредна проодност на аортокоронарите бајпаси и терминален стадиум на атеросклеротска болест на нативните садови. Следеа постепени мобилизации, кои пациентот уредно ги истолерира. Се отпушти во добра општа состојба.

64МСКТ на коронарните артерии и аортокоронарните бајпаси