00389 2 3091 484
јуни 17, 2022
Вентрикуларната тахикардија е срцев ритам кој произлегува од срцевите комори и означува срцев ритам од најмалку 120 отчукувања во минута (нормалниот пулс е обично помеѓу 60 и 100 отчукувања во минута).
Истата најчесто се манифестира со палпитации (чувство на забрзана срцева работа), отежнато дишење, болка во градите и/или несвестица.
За да се постави дијагноза меѓу другите методи, задолжитено треба да биде направена електрокардиографија.
Третманот може да вклучува медикаментозна терапија, т.е давање лекови. А, може да се применат и процедури како срцева дефибрилација која вклучува синхронизиран електрошок кој има за цел враќање на срцевиот ритам во нормала.
Вентрикуларната тахикардија обично се појавува кога има структурно срцево заболување, како што е миокарден инфаркт, срцева слабост или кардиомиопатија. Почеста појава е кај постарите луѓе.
Иако ретко, сепак се јавува и кај млади индивидуи кои не страдаат од структурни срцеви заболувања. Овие млади луѓе може да имаат срцева болест наречена долг QT синдром, кој може да биде наследен или предизвикан од одредени лекови. Може да се должи и на други ретки наследни нарушувања, како што е синдромот Бругада (срцева каналопатија).
Кај вентрикуларната тахикардија, отчукувањата на срцето (палпитации) речиси секогаш се чувствуваат и може да бидат придружени со слабост, вртоглавица и/или непријатност во градите.
Продолжената вентрикуларна тахикардија може да биде опасна бидејќи коморите не се полнат правилно или не пумпаат нормално крв. Крвниот притисок има тенденција да опаѓа при што се јавува срцева слабост. Понатаму, вентрикуларна тахикардија е исто така опасна бидејќи може да се влоши во вентрикуларна фибрилација (срцев арест). Вентрикуларната тахикардија понекогаш не предизвикува значителни симптоми. Дури и при брзина од 200 отчукувања во минута, може да не се чуствуваат тегоби. Затоа може да биде исклучително опасна.
Вентрикуларната тахикардија може да се дијагностицира преку електрокардиографски (ЕКГ) преглед. Со помош на оваa испитување кардиологот може да утврди дали и каков третман му е потребен на пациентот со цел да се постигне нормален ритам на срцето и превенција на последователни епизоди.
Потребен е итен третман доколку вентрикуларната тахикардија предизвикува симптоми или кога епизодите траат повеќе од 30 секунди дури и ако нема симптоми.
Доколку се присутни симптоми, особено ако крвниот притисок е премногу низок, неопходна е итна кардиоверзија (електричен шок што го враќа срцето во неговиот нормален ритам).
Доколку нема симптоми, но вентрикуларната тахикардија трае повеќе од 30 секунди, треба да се даде кардиоверзија или интравенски лекови.
Кардиоверзијата е болна, бара седација, но речиси секогаш е ефикасна и настрана од непријатноста, има малку несакани ефекти.
Во запирањето на абнормалниот срцев ритам (аритмии), примањето терапија со лекови е помалку непријатно, но не е толку ефикасно како кардиоверзијата, а лековите имаат поголема веројатност да предизвикаат несакани ефекти.
Она што е долгорочно потребно е не само да се запре абнормалниот ритам , туку да се избегне ненадејна смрт. При постоење на вентрикуларна тахикардија со основна срцева болест, особено ако срцето не пумпа адекватно, обично се вградува имплантиран кардиовертер-дефибрилатор (ICD, мал уред способен да открие аритмија и да испорача шок за да се поправи). Оваа постапка е слична на вградување на пејсмејкер.
Може да се користат и други процедури кои ја корегираат абнормалната површина во коморите. Овие техники вклучуваат катетерска аблација (испорака на енергија на одредена ниска температура или фреквенција преку катетер вметнат во срцето) и операција на отворено срце.
Во Клиничката болница Жан Митрев, тимот на кардиолози ви стои на располагање за дијагноза и соодветен третман за сите срцеви заболувања преку персонализиран пристап. Сите срцеви интервенции се реализираат со претходна конзилијарно разгледување на случајот во кое учествуваат кардиолози, интервентни кардиолози, кардиохирурзии, анестезиолозии, и медицински сестри.
Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484