00389 2 3091 484
јули 07,2013
VI конгрес на физиотерапевти на Србија
Во период од 25-27 април 2013 во Нови Сад беше одржан VI-от Конгрес на физиотерапевти на Србија со меѓународно учество. На конгресот учествуваа 140 физиотерапевти од 10 земји од Европа. Мотото на конгрeсот беше “Движењето за иднина”, а целта на овој конгрес беше физиотерапијата да се фокусира на превенцијата и да се базира на најдобрите докази од клиничката пракса. На овој начин се стекнуваме со нови знаења и ја подобруваме ефикасноста на нашата работа во функција на навремена и професионална помош на пациентите.На конгресот активно учество земаа и физиотерапевтите од Филип Втори, Олгица Димитров и Блаже Арсов, кои со својата усна презентација на тема “Рана и интензивна физикална терапија во третманот на нервномускулна слабост стекната во единица за интензивно лекување кај пациенти на продолжена механичка вентилација” предизвикаа голем интерес кај колегите кои немаат искуство во работа на интензивна нега.На самиот конгрес беше потенцирана потребата од континуирана едукација и достапност на информации за нови методи и техники во понатамошно професионално усовршување на физиотерапевтите.