00389 2 3091 484
септември 09,2020
Фармацевтите од нашата клиника се чекор поблиску до вас. Преку интернет консултацијата како метод на комуникација помеѓу пациентот и фармацевтот, овозможуваме квалитетно информирање на пациените, поврзано со нивната редовна терапијата или со евентуалните несакани ефекти кои може да се појават при комбинирање на нови лекови.
Доколку чувствувате промени – несакани ефекти од лекот кој го земате (осип, црвенило, кашлица, дијареа, отоци, мускулна болка, главоболка, крварење, нема подобрување во состојбата и т.н.) слободно закажете консултација со нашите фармацевти.
Исто така, слободно можете да ги контактирате и доколку имате воведено нов лек во вашата терапија. Често пати се случува новиот лек да е во конфликт со постоечката терапија што резултира со намалено или зголемено дејство на терапијата или евентуална појава на несакани ефекти. Сето тоа може да се превенира или спречи со проверка на интеракциите на новиот лек со постоечките.
Тука сме за вас и доколку сакате да воведете додатоци во исхраната, витамини, растителни екстракти кои може да влијаат врз соодветниот ефект на хроничната терапија која ја земате.
Можеме да ви дадеме совет и ако имате потреба од повеќе информации – нејаснотии околу начинот на чување, земање и апликација на лекот во однос на храна и друга терапија.
Консултирајте не доколу имате настинка или грип и потребни ви се совети за справување со симптомите. Ако примате антибиотик, а немате подобрување на состојбата или имате појава на несакани ефекти може да не контактирате.
Вршиме и мониторинг на антибиотик во крвта доколку е потребно. Во консултација со вашиот лекар може да направиме контрола и препорака за понатамошно дозирање, во случај со терапија со Ванкомицин и Гентамицин.
Напоменуваме дека посебно треба да се обрне внимание на пациентите над 65 годишна возраст кои имаат потреба од терапија со повеќе лекови истовремено. Кај нив е од голема важност проверката на целокупната терапија и прилагодување согласно нивните лабораториски параметри и клинички наоди.
Консултацијата со нашите фармацевти освен на линкот zmc.tiktak.mk можете да ја закажете и преку нашата е-страница www.zmc.mk.
Нашиот фармацевтот ќе Ве контактира во најбрз можен рок.