00389 2 3091 484
јули 22, 2025
Брачниот пар Голабоски од Охрид доживеа вистински кошмар при патување кон Маврово. Додека се возеле во нивното возило влегла пчела која ја каснала сопругата Соња алергична на пчелни убоди. Поради состојбата која брзо се влошувала, нејзиниот сопруг Владимир веднаш одлучил да се вратат назад упатувајќи се кон охридската болница.
За среќа, на патот кон Охрид ја пресретнале мобилната единица на Клиниката Жан Митрев. Нашата екипа сестра Весна Наумоска – анестетичар и колегата шофер Тони Антониевски, иако со друга задача, без размислување застанале да ја укажат побараната помош. Со брза и стручна интервенција, веднаш биле преземени неопходните чекори за спасување на сега веќе пациентката Соња Голабоска.
,,Не направив ништо посебно. Постапив онака како што сум обучена и како што треба да направи секој човек. Своето знаење и опремата и средствата кои ми беа на располагање во амбулантното возило ги употребив за спасување и стабилизирање на жената,,- објаснува сестра Весна.
По убодот на инсектот веќе биле видливи отоци и имало трнење на ногата. ,,Немавме време да ја чекаме брзата помош која доаѓаше од Охрид, затоа одлучивме веднаш да ја ставиме во нашето возило и се упативме кон Охрид. Во меѓувреме аплицирав антиалергиски лекови и постојан мониторинг додека брзавме кон болницата,, – ни објаснува Весна која додадва дека вакви случаи се чести кога се патува со амбулантно возило.
Семејството Галабоски изрази огромна благодарност до нашиот медицински тим, чија подготвеност да се стават на располагање на граѓаните не штедејќи се себе и ресурсите кои им се на располагање уште еднаш покажа дека животот е скапоцен.