00389 2 3091 484
јуни 8, 2015
Децата ќе се прегледуваат и во поликлиниките на „Филип Втори“ во Струмица и Битола
Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ од денеска стартуваше со прегледите на децата кои ќе бидат дел од ракометниот камп „Кирил Лазаров7“.Прегледите врз првите 10 деца беа направени од страна на д-р Иван Милев интервентен кардиолог кој има долгогодишно искуство и со деца –пациенти. Нашата болница како медицински партнер на кампот ги спроведе сите потребни испитувања и анализи со кои се утврдува здравствено-кондиционата состојба на децата. Испитувањата се состоеа во земање на анамнеза, ЕКГ и ЕХО кардиографски прегледи, стрес-тест и диференцијална крвна слика.
Анамнезата се зема за да се предвидат сите евентуални состојби кои се поврзани со здравјето на децата а имаат врска со наследниот фактор. Преку неа се дознава и за интересот на децата за активно или пасивно спортување, како и за нивните секојдневни физички оптеретувања Стрес-тест: Кај професионални и кај рекреативни спортисти Европското кардиолошко здружение препорачува најмалку еднаш годишно да се направи стрес – тест за да се процени функцијата на срцето. Преку овој тест може да се открие срцевата сила или слабост при што кај здрави луѓе не се очекува коронарна болест, туку евентуални пореметувања во смисла на аритмии. Карактеристично за децата кои денеска беа ставени на стрес- тест е тоа што тие иако се на мала возраст, сепак имаат солидни години поминати во спортување.
ЕКГ –Преку овој преглед се гледа фрекфенција на срцевата акција, ритам, евентуални блокови во електриката на срцето .Ехо кардиографски преглед – Овозможува проценка на пумпната сила на срцето , димензии, функција и состојба на срцевите залистоци. Преку него се доаѓа и до откривање на евентуални вродени срцеви мани. Затоа треба да се направи индивидуална проценка на срцевата функција бидејки не секоја отстапка од нормалните срцеви параметри , значи и причина за престанок со спортувањето. Исто така со овој преглед се детектира и хипертрофична смрт која е главен причинител на нагла срцева смрт кај спортистите.Направена е диференцијална крвна слика . Кај сите деца беше со уреден наод.
Лекарскиот тим заклучи дека досега иситианите деца се добра физичка подготвеност дури и за компетитивно бавење со спорт . Прегледите на децата продолжуваат. До крајот на оваа неделата во болницата „ Филип Втори “во Скопје ќе бидат донесени децата од Кавадарци и Велес. Тимот кој е ангажиран за организација и преглед на децата следната недела ќе замине во поликлиниките во Струмица и Битола за да ги изврши потребните здравствени контроли на децата кои живеат во тој дел на Македонија.
Со почит Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“Подобро,здравје