00389 2 3091 484
јануари 01,2019
Со вградување на Срцева пумпа наречена левовентрикуларен дивајс за поддршка (ЛВАД) може да се помогне на срцето да пумпа крв богата со кислород низ целото тело и да ги намали тегобите на тешкото срцево попуштање.Токму ваква пумпа беше вградена кај пациент во нашата болница од тим предводен од доктор Жан Митрев.
Heart Mate 3 – ЛВАД е опција за пациентите со напредната срцева слабост и неговата функција е да го подобри крвотокот, да го зголеми преживувањето и да им обезбеди подобар квалитет на живот на пациентите. Heart Mate 3 дивајсот е мала вградувачка направа што е дизајнирана да ја поддржи пумпната функција на срцето и помага крвта да циркулира низ телото на пациентот, чие срце е многу слабо за да ја испумпува крвта. Се постава во градниот кош и се вградува во левата комора на срцето од страна на искусен кардиохирург.
Heart Mate 3 – ЛВАД овозможува значително подобрување на квалитетот на живот и подолго преживување, со помалку несакани ефекти за разлика од другите дивајси, затоа што користи специјално направена електромагнетна центрифугална пумпа Full MagLev проточна технологија, која ја заштитува крвта и протокот низ пумпата
Треба да се знае дека овој дивајс се постава во операциона сала на отворен граден кош и секогаш од страна на искусен кардиохирург.
Послеоперативно пациентот останува обично до 21 ден на одделот за интензивно лекување. Во овој период самиот пациент и неговата фамилија добиваат специјална едукација и практичен тренинг како да живеат со дивајсот, како да ракуваат како да си ги прават преврските, како да одржуваат лична хигиена со тоа пациентот се осамостојува и се враќа во нормален живот, што всушност и се случуваше во нашата клиника.
Во моментов во светот има повеќе студии кои го следат квалитетот на живот на овие пациенти и сите покажуваат дека пациентите се враќаат во нормален квалитет на живот после првиот месец од вградувањето на овој дивајс.
Оваа терапија може да се користи како привремена кога кај пациентот после одреден временски период контролите покажуваат дека има подобрување на срцевата пумпна снага и дека може да се извади дивајсот и пациентот да има нормален живот живот. Втора група пациенти се оние кои имаат подобрување на квалитетот на живот, но левата комора не е во состојба да закрепне комплетно, да работи самостојно и кај овие пациенти се планира трансплантација и тогаш се вели дека
Heart Mate 3 ЛВАД е премостување до трансплантација.
Третата категорија пациенти се оние каде се користи како дестинацијска – трајна терапија каде се планира траен живот на пациентот со овој дивајс. Тоа се обично пациенти во напредната возраст.
Во клиничката болница „Жан Митрев“ воведен е специјален програм за третман и следење на оваа најтешка категорија на пациенти, со што им се обезбедува максимална сигурност и безбедност во нивното лекување.
Во продолжение погледнете го видеото кое беше направено во нашата клиника а е поврзано со овој случај.