Во нашата клиника се обучуваат идните сертифицирани кинезиотејпинг практичари

Настани

јуни 06,2019

Во периодот од 31 Мај до 2 Јуни 2019 во просториите на Zan Mitrev Clinic по втор пат се одржа Кинезиотејпинг курс 1/2 ниво во организација на „Македонското физиотерапевтско здружение“ и „Фила Фарм“.

Курсевите кои се организираат во Македонија од страна на МФЗ се во директна соработка со „Kinesio University“ и „Фила Фарм“ со што на македонските физиотерапевти им овозможуваме да се едуцираат од основачите на оваа техника.

На овој настан всушност беше направена и официјална промоција на фармацевтската компанија „ФИЛА ФАРМ“ како дистрибутер на кинезио траките за државава. Гостите беа запознаени со локациите каде може да се набават оригинални кинезио производи и сите имаа можност да ја посетат „Фила аптеката“ која е во склоп на Жан Митрев Клиника. Учесниците на курсот имаа можност едукацијата да ја поминат со оригинални производи под водство на Сертифициран кинезиотејпинг инструктор ФТ.в Драган Димитријевиќ од Србија и како лаб.асистент Сертифициран кинезиотејпинг практичар Дипл. ФТ Блаже Арсов.

Во текот на три дена учесниците се стекнаа со знаење за правилно користење на кинезиотраките со цел постигнување на комплетна ефективност во третманот на пациентите со мускулно–скелетни заболувања. Во наредниот период, во ноември 2019 година ќе се одржи и третиот дел од овој курс, со што учесниците ќе можат да се стекнат со назив на сертифицирани кинезиотејпинг практичари (CKTP) од страна на Kinesio university од USA.

Регистрацијата за учество на КТ3 е веќе започната со што ги повикуваме сите физиотерапевти кои веќе ги имаат поминато КТ 1 и КТ 2 да се пријават во наредниот период на следниот е-маил president@mfz.mk за да си обезбедат свое место на курсот. Имајќи предвид дека за прв пат ќе се одржува ова ниво на кинезиотејпинг курсот КТ3 се очекува интересот да биде голем па затоа повикуваме навремено да се регистрираат за учество сите заинтересирани учесници.

Повеќе информации на веб страницата www.mfz.mk