Закажете преглед

Закажи преглед

Почитувани,

Користејќи ги дигиталните информациски и комуникациски технологии, Zan Mitrev Clinic обезбеди електронски пристап до здравствените услуги кога не е потребна или можна Ваша лична посета.

Воведуваме online консултација, советување со лекар специјалист од одредена област во траење од 10 минути која е овозможена преку видео комуникација.

За време на видео разговорот, лекарот може да ве советува за терапијата, да предлага стратегии за домашна нега или да препорача дополнителни медицински испитувања.

Закажете online консултација преку нашата интернет страница www.zmc.mk или на следниот линк zmc.tiktak.mk

Со почит,

Zan Mitrev Clinic

389 2 3091500

Политика за корисници

  1. Услови за користење

    1.     Со користење на услугите на www.zmc.mk, се признаваат и прифаќаат условите за користење на веб страната. Жан Митрев Клиника (“Клиникатa”) го задржува правото во секое време да ги измени овие услови.

    2.     Клиниката ќе се стреми да ја обезбеди услугата достапна 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Неизбежните прекини, особено оние што се однесуваат на сервисирање и одржување, доколку е можно, ќе бидат објавени на веб страната на Клиниката. Клиниката го задржува правото во секое време да промени, ограничи или укине одделни делови од услугата.

    3.     За да се користи услугата за електронски плаќања, корисникот е должен да се регистрира со вистинити и точни податоци. Корисникот ја користи услугата на сопствена одговорност. Клиниката не презема одговорност за можните штети кои корисникот на услугата евентуално би ги претрпел за време на користењето на услугата или поради недостапност на услугата во одредени периоди.

    4.     Како предуслов за употреба на веб страната, Вие се согласувате дека: имате најмалку 18 години; сте во можност да направите правна обврска; нема да се обидете да вршите било какво дејство врз веб страната за преземање на информации од истата; Вашето користење на веб страната во секое време ќе биде во согласност со овие Услови за користење; ќе правите легитимни закажувања за здравствени услуги и плаќање на истите; ќе оставате точни информации за Вас на било кое барано место на веб страната; ќе ги променувате податоците за Вас по потреба за да се осигурате дека се точни во било кое време.

    5.     За електронското плаќање на услугите на Клиниката преку веб страната www.zmc.mk, корисникот ги внесува основните податоци за себе.

    6.     По обидот за трансакција, корисникот добива потврда по е-пошта / банер или смс известување за статусот на трансакцијата, односно дали истата е извршена или е неуспешна.

    7.     Веб страната е отворена за секој посетител на www.zmc.mk. Клиниката го задржува правото без претходна најава и известување да го ограничи или да го укине пристапот до услугата на одреден посетител, доколку тој ја користи услугата на недозволен начин или со невистинити податоци. Ова важи особено доколку:

    ·     постои основано сомневање дека корисничките податоци за регистрација се невистинити,

    ·     постои основано сомневање дека онлајн услугите се користат за да се изврши измама.

    Доколку корисникот се посомнева во неавторизирано користење на неговите податоци, тој е должен веднаш да ја извести Клиниката за евентуално неовластено користење на услуги преку неговото корисничко име.

    8.     Провизијата за плаќање на услугите преку веб страницата www.zmc.mk е на товар на Клиниката.

    9.     Во случај на потреба од поврат на средства, корисникот е должен да поднесе барање за поврат на средства со детално објаснување на причините за истото. Барањето се поднесува по електронски пат на infosalter@zmc.mk.

    10.     Авторските права за сите документи (текстови, слики итн.), употребени при изработката на веб страницата и припаѓаат на Клиниката, освен ако не е поинаку наведено. Преку користењето на веб страницата корисникот или трети лица не се здобиваат со авторско право, лиценци или слични права. Документите понудени на веб страницата и нивната содржина не смеат да се менуваат, умножуваат, дополнуваат или на некој друг начин да се употребат без претходна добиена писмена дозвола од Клиниката.

    11.     Во никој случај Клиниката, неjзините соработници, нејзините вработени, агенти, даватели на услуги и провајдери на содржина не се одговорни за било кои посредни, случајни, специјални, последователни или казнени штети кои произлегуваат од, или се поврзани со: вашето користење на сајтот, содржината, корисничката содржина и други информации содржани на сајтот; вашата неможност да го користите сајтот; промена или отстранување на содржина поставена на сајтот.

    12.     Клиниката нема да се смета за одговорна за доцнење или неизвршување на своите обврски согласно овие Услови кои произлегуваат од било кои причини кои се надвор од нејзина контрола како што се: штрајкови, инвазија, терористички напад или закана од терористички напад, војна (дали е прогласена или не), или закана или подготовка за војна; пожар, експлозија, невреме, поплава, земјотрес, епидемија или друга природна катастрофа; неможност за користење на јавен или приватен транспорт; сообраќаен метеж, сообраќајни несреќи, неможност за користење на јавни или приватни телекомуникациски мрежи; актите, декретите, законите, регулативи и сл.

    13.     Доколку не се согласувате со наведените услови, Ве молиме не ја користете нашата страница. Вашето континуирано користење на страницата и притоа следејќи ги промените на овие услови ќе се смета за Ваше прифаќање на дадените промени.