00389 2 3091 484
декември 25, 2017
Крајот на годината е секогаш резервиран за сумирање на сработеното, успесите, реализација на планираното, но и за очекувањата за наредната година… И кога успесите се големи тогаш и забавата е очекувана…
2017 година ја испративме со нашиот традиционален музички партнер- Пепи Ренџов и неговата група, за потоа да се слушне и една поинаков музички јазик, имагинарен, со кој комуницираат музичарите од битолската група ФОЛТИН, а имаше и смеа…
За тоа се погрижи стенд-ап комичарот Марјан Ѓорѓиевски, кој во неговиот препознатлив стил, пренесе дел од секојдневието во кое живееме…
За крај, секако следуваа пораките од д-р Жан Митрев кој посака следната година, кога болницата ќе го прослави полнолетството да биде уште поуспешна, со многу здравје и среќа за сите вработени и семејствата!
2017 година ја заокружуваме со огромни успеси, со задоволни пациенти и продолжени животи! Нека новата 2018 година биде уште поуспешна!