00389 2 3091 484
септември 6, 2018
„Импресиониран сум од вашата болница“, истакна д-р Џанлука Понтоне за време на посетата на Zan Mitrev Clinic. Како кардиолог и радиолог тој раководи со МР Одделот и е заменик директор на Кардиоваскуларниот КТ Оддел во Кардиолошкиот центар во Монцино, Италија, што е поврзан со Милано и миланскиот Универзитет. Д-р Понтоне дојде како предавач на Симпозиумот за акутен коронарен синдром, што во организација на Македонското здружение по кардиологија се одржа 4-5 септември 2018 во Скопје.
„Се радувам што имам можност да учествувам на Симпозиумот во Скопје и што можам да ја посетам оваа болница, која е многу впечатлива и според големината и според технологијата пред се. Голема чест е за мене да бидам овде земајќи во предвид дека сум специјалист за кардиолошки болести и дека главната дејност во оваа болница е токму лекувањето на овој вид заболувања“ – рече д-р Понтоне по обиколката на ZMC.
Тој претходно немал никакви информации за нашата болница, па затоа нагласи дека е многу изненаден од високиот стандард и од сите можности кои успеал да ги види тука. Споредувајќи ги условите со болниците во Италија д-р Понтоне подвлече дека паралела не може да се направи со просечните италијански болници туку само со оние врвните бидејќи е очигледно дека се работи за модерен медицински центар со напредна технологија.
На средбите со доктор Жан Митрев присуствуваше и Антон Мориц, директор на Универзитетската кардиохируршка клиника во Франкфурт, Германија. На средбите во кои учествуваа и дел од тимот на Zan Mitrev Clinic се разменија искуства и идни насоки за развој на современата радиологија и кардиологија.