00389 2 3091 484
јануари 19, 2021
Здравата исхрана е многу важна за да се обезбеди идеален физички и интелектуален развој на вашето дете. Секој ден, родителите се соочуваат со предизвикот на детето да му понудат соодветен пакет хранливи материи со важни витамини, минерали и други важни елементи коишто соодветствуваат на неговата потреба за микронутриенти и го штитат од инфекци.
Добриот имунолошки систем му обезбедува на детето силна природна одбрана од болести. Ако имунолшкиот систем е лош, организмот станува подложен на замор и болести, а во тој случај не може да се штити од инфекции – без оглед дали се вообичаени, како настинки и алергии, или посериозни, предизвикани од континуиран имунолошки дисбаланс.
Доколку вашето дете е подложно на болести, мора постепено да му го зајакнувате имунитетот, додека не стане оптимално силен за да го заштитува од инфекции.
Како функционира детскиот имунолошки систем?
Имунитетот како заштитен систем се состои од два дела: вроден и стекнат имунитет. Овој вториот се развива се до 9 годишна возраст, по што се смета дека организмот оформил одбрамбен систем подготвен за понатамошно учење и ефикасно справување со предизвиците во текот на целиот живот.
Имунолошкиот систем ги препознава и ги разградува сите материи со кои доаѓа во контакт, а организмот ги смета за туѓи, вклучително и клетките на микробите, бактериите, туѓите супстанции и токсичните компоненти.
Како до јак имунитет?
Правилната исхрана е клучна за развојот и одржувањето на имунолошкиот систем. Минералите и витамините помагаат при зајакнувањето на имунолошкиот систем.
Нутритивниот дефицит може да доведе до хронични имунолошки проблеми бидејќи бактериите и вирусите полесно се развиваат кога недостигаат некои нутриенти кои стимулираат силен имунолошки систем, вклучително и витамините А, Ц и Е, како и есенцијалните масни киселини. Најважни минерали се селенот, цинкот, железото, бакарот, магнезиумот. Овие нутриенти треба да се земаат од храната (свеж зеленчук и овошје, јаткасто овошје, семки, интегрални житарки). Минералите селен и цинк се незаменливи за имунитетот бидејќи се потребни за градење на многу ензими што го штитат телото од слободните радикали.
Но, доколку не сте сигурни дека со правилна исхрана вашето дете го добива потребното количество од овие витамини и минерали, а со цел да го обезбедите препорачаните вредности, потребно е да одберете соодветен додаток во исхраната.
Во нашата аптека „Фила Аптека“ (во склоп на клиниката Жан Митрев) како решение за зајакнување на детскиот имунитет ви го нудиме Orthomol junior C plus – додаток во исхраната наменет за децата. Тој содржи витамин Д којшто придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем кај децата. Orthomol junior C plus исто така содржи вкупно 25 микронутриенти во комбинација на витамини фитонутриенти и елементи во трагови во избалансиран сооднос за децата.
Orthomol junior C е во форма на таблети за џвакање соодветни за деца со интересен дизајн во форма на автомобил или суви гранули коишто веднаш се раствораат во устата. Тој не е штетен за детските заби и лесно се апсорбира во организмот.
Исто така достапна е и верзијата Orthomol junior Omega plus исто така како додаток во исхраната за децата. Тој содржи железо коешто придонесува за нормален когнитивен развој на децата. Богат е со омега-3 масни киселини, цинк и витамини од групата Б.
Производите од линијата Ортомол се достапни во нашата аптека 02/3104952 / 996, и за он-лајн нарачки на www.aptekafila.mk, а наскоро и во сите поголеми аптеки во државава.