„ Жал ми е што не му стиснав рака на д-р Митрев онака машки за да му кажам фала за оваа убавина„ – Најстариот жител на Лабуништа спасен од тимот на д-р Жан Митрев

Дневна доза здравје

јуни 15, 2016

„ Не се изморив од ѕидање, нити животот ме потроши за овие 88 години, можам уште и ќе работам само да си заминам дома, додека има доктори како овдешниве за светот ќе има век “ Низ насмевка ни раскажува дедо Јусуф Саитоски најстариот жител на Лабуништа роден на 1.12.1928 година. Цел живот работел како мајстор, среќен што можел во 1963 да помага во обновата на разурнатото Скопје, со својот ѕидарски занет изѕидал многу објекти на местото на оние кои земјотресот ги урнал.
“ По заминувањето од Скопје највеќе од веков го поарчив во Тетово таму многу ѕидав, и фала на Бога не сум бил болежлив за моиве скоро 90 години. Ама ете се случи во последно време да не можам да си ја терам работата како што си знам и умеам, тоа ми пречеше и дојдов на лекар. И добро е што дојдов, овде веднаш ми кажаа што е и како ама не запамтив многу , најважно е дека ме оперираа и сега сум како нов . Кога ми ги правеа испитувањата докторите тука ми рекоа 99% Ви гараантираме дека Вашиот проблем ќе се реши, па така и треба 1% резерва има во секоја работа а не па во оваа нивнава докторскава. Овде е многу убаво иако е болница не личи на болница, храна е вкусна како дома, ама многу ни даваат не сум копал цел ден за волку да можам да изедам. Што и да побараш овде ќе најдеш , жал ми е само едно д-р Митрев неколку пати е дојден овде да не види, знете што ми е криво што од срам една рака не му пуштив така машки да го поздравам да му кажам фала за се шо ми направи.Сакав мои молитви да му дадам, за среќа дел од мојата среќа за него, Бог да му даде здравје и живот со фамилијата. Оваа болница е дел од сите нас , тој е само човекот кој ја раководи, да му даде Бог можност во секое едно село и град да направи болници да може народ да се лечи и да живее“.
Раскажувањето на најстариот жив жител на Лабуништа продолжи за неговите четири деца и осумте внуци. Дедо Јусуф вели имале и учени во селото со убави дипломи, ама сите биле заминати по странство, среќен што сите негови деца се до него. Не покани и во Љубаништа.
„ Да ми дојдете да ме видите како сум, да пиеме по едно кафе и ајде со здравје“.
А кога сме кај неговото здравје информацијата која ја добивме од д-р Енвер Идоски супспецијалист кардиолог, одговорен на одделението, е следна .
„ Пациентот е примен со тешка аортна стеноза поради што се направени соодветните иследувања дијагностицирана е болеста со препорака за операција. После операцијата која се состоеше со замена на едната валвула со биолошка, Јусуф се чуствува добро, постоперативниот тек е сосема уреден пациентот е самостојно имобилизиран и еве после 5 дена си заминува дома“.
Како што се договоривме со дедо Јусуф само малку да закрепне и ете не во негово родно Лабуниште на кафе.