00389 2 3091 484
октомври 26, 2018
„Како една од членките на европската Федерација на асоцијации на сестри за интензивна нега редовно учествуваме на состаноците што се одржуваат со цел да бидеме во тек со новостите во сестринската нега или промена на стандардите во негата во Европа и пошироко“ – вели Жанета Богоевска Митева, главна сестра на болничкиот дел на Zan Mitrev Clinic, воедно и претставник на Здружение на сестри за интензивна нега.
Таа појаснува дека тоа се состаноци на претставниците на земјите членки на Федерацијата каде што секоја земја има свои делегати кои два пати годишно се состануваат со цел размена на информации, креирање нови проекти од научно – истражувачка дејност а сето тоа со главна цел сите овие земји членки да бидат вклучени и да дадат свој допринос во тие текови а и да ги следат и имплементираат позитивните промени и искуства кои со помош на овие научни проекти влијаат на промена на водичите и стандардите за сестринска нега.
Во склоп на активностите би спомнале неколку:
– Тоа се апстракти кои што треба да ги презентирам на конгресот кој што треба да се одржи во февруари следната година – вели Богоевска Митева.
Сите овие наши активности допринесуваат за подобрување на квалитетот и негата за следење на европските текови и како дел во научно – истражувачката дејност заедно со сите партиципираме и делуваме на позитивни промени во унапредувањето на стандардите во овие области.
Од досегашното искуство можеме да констатираме дека нашите искуства се добредојдени и виско ценети и се прифаќаат и поради високото рангирање на клиниката од искуството од пацинетите по што ние се етаблиравме како рамноправен и ценет соработник.