27.04.2010 – Игор Кајевски – Sorin групацијата во Салцбург, Австрија

Дневна доза здравје

мај 05,2010

На 06. и 07.04.2010 г., во организација на Sorin групацијата во Салцбург, Австрија, се одржа првата работилница на тема „Најдобри практики во перфузискиот менаџмент“. Во рамките на работилницата се одржаа многубројни предавања и презентации од страна на организаторот. Претставникот на болницата „Катерина“ од Ајдховен одржа предавање на тема „Оптимизирање на пациент менаџмент и клинички исход“ и на почетокот даде кратка презентација за болницата со основни податоци за нејзиното работење. Податокот дека во болницата „Катерина“ годишно се вршат 1655 операции е особено интересен за нас бидејќи во споредба со нашата болница, ова бројка е значително помала во однос на операциите што годишно се вршат во „Филип Втори“. ПЗУ „Филип Втори“ и понатаму продолжува да ги следи сите најнови светски трендови во техниката и технологијата и да ги воведува во својата работа. Целта е унапредување и подобрување на здравствените услуги на нашите пациенти.