Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

25.05.2017

Д-р Жан Митрев е добитник на престижната награда ”SEE Personality 2017”

Вечерва, на отворањето на Филмскиот фестивал на Јуигоисточна Европа- SEE FILM FESTIVAL, д-р Жан Митрев ќе ја прими престижната награда “SEE Personality 2017” во Берлин. Тој беше номиниран и избран за Личност на Југоисточна Европа за 2017 година, базирано на неговата исклучителна професионалност и кариера и големиот придонес при европеизација на Југоисточниот регион во Европа. Оваа награда преставува валоризација на визијата на д-р Жан Митрев за обединета Европа, потврдија од организаторите на Филмскиот Фестивал на Југоисточна Европа, каде претседател е Јордан Плевнеш.

Овој фестивал се организира на две локации, Берлин и Париз. Ова е 3-то издание на SEE FILM FESTIVAL во Берлин (25-28 мај 2017), во чии рамки ќе се прикажуваат долгометражни и кратки играни, документарни и анимирани филмови од ЈИЕ. Додека пак од 31 мај-03 јуни, 2017 со посебна програма ќе се случува 7-мо издание на овој фестивал во Париз. Во фестивалот се вклучени земјите од ЈИЕ, покрај Р.Македонија, Турција, Црна Гора, Хрватска, Косово, Романија, Словенија, Србија, Бугарија, Албанија, Грција, Босна и Херцеговина, Кирап, Унгарија и Молдавија, а е во организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје, односно ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк.