Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

08.04.2015

Електромиографија во дијагностицирање на мијастенија гравис

Електромиографија во дијагностицирање на мијастенија гравис

Мијастенија гравис (МГ) е невромускулна болест која се манифестира со патолошка заморливост на скелетните мускули. При минимален физички напор истата се зголемува а при одмор се подобрува. МГ настанува како резултат на автоимунолошки процес против ацетилхолинските рецептори и моторната плоча. Една од причините за ова заболување може да биде присутен и активен тимус (жлезда која е одговорна за формирање на имунитетот која е активна само во детска возраст и се наожѓа во горниот дел од градниот кош). Доколку истата функционира и по пубертетот може да биде причинита за мијастенија гравис. Со нејзино отстранување тегобите се повлекуваат.

Најчесто први симптоми на болеста се зафатеност на мускулите кои се под контрола од нервите кои излегуваат од главата. Најчесто прво страдаат оние мускули поради кои доаѓа до појава на двојни слики, заморливост, спуштање на очните капаци (птоза). Подоцна, болеста се проширува и на други мускулни групи и се манифестира со замореност при џвакањето и голтањето. Говорот станува нејасен, назален, а ако се зафатени и мускулите на гласните жици тогаш гласот е дисфоничен или афоничен. Мускулатурата на лицето е опуштена, тоа има сиромашна мимика и даваат впечаток на вештачко лице . Ако болеста се проширува и понатаму ќе бидат зафатени мускулите на екстремитетите и на телото. Животот на болните од МГ се доведува во прашање кога болеста ги зафаќа и мускулите за дишење. Болните се борат за воздух, фрекфенцијата на дишењето се забрзува, движењата на дијафрагмата ослабуваат. Ваква клиничка слика се забележува кај мијастенична криза која може да настане поради примање на несоодветна доза на антихолинестеразни лекови, поради појава на инфекција, а некогаш и во првите денови од примена на кортикостероидна терапија.
При дијагностицирањето на миастенија гравис од особена важност се анамнестичките податоци за присутна патолошка заморливост, дополнети со тестови на заморливост (форсирано да ги затвара и отвара очите, гласно да брои). Најупотребуван дијагностички тест за мијастенија гравис е простигминскиот и тензилонски тест
Електромиографија (ЕМГ) особено тестовите на репетитивна стимулација е многу значајна метода за дијагностицирање на МГ.
Случај: Пациентката С.К 68 години, од пред 6 месеци има спуштени очни капаци поизразено десно со солзење во очите, со двојно гледање. Се жали на тешкотии со џвакањето и голтањето, кои се поизразени во попладневните часови, сиптомите се намалуваат кога пациентката одмара.
Невролошки статус е следен: спуштени очни капци, поизразено на десно, со искривување на десниот очен булбус кон надвор( дивергентен страбизам), со диплопии, намалена моторна сила со отрпнатост на вилицата. Овие невролошки симптоми се актуелизираат со тестови на заморливост.
ЕМГнаод: Испитани m. deltoideus i m. abductor digiti minimi. При пролонгорана вољна контракција се регистрира намалување на амплитудата на АМП.
Неврографија: МБС на n. ulnaris lat dex. во граница на нормала.
Направен е тест на репетитивна стимулација, истиот е позитивен односно оди во прилог за мијастеничен синдром.

Сл. 1. С.К 68 г. Репетитивна стимулација. n. ulnaris lat dex. Покажува редукција на амплитудата во склоп на дијагнозата.

Антихолинестеразни лекови (инхибитори на ацетилхолинестеразата) е прва линија во лекување на Мијастенија гравис кај лесни окуларни облици, со која е започнат третманот и кај овој случај, со што при контролниот преглед има видно подобрување.