Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

16.03.2023

Flossing техника – третман со рестрикција на крвниот проток

Станува збор за физиотерапевтска техника при која се применува надворешен притисок со користење на специјална еластична лента во комбинација со вежби и мануелен третман. Времетраењето на еден третман е 30-45 минути, во зависност од регијата на примена.

Flossing техникaта е најчесто позната односно поврзувана со имињата на брендовите: RockFloss, Rogue Fitness, Voodoo Floss или EasyFlossing. Нејзината популарност континуирано расте бидејќи многу често се користи од страна на на физиотерапевтите ширум светот. Терминот Flossing често се користи истовремено со Blood Flow Restriction training (BFRT) т.е тренинг со рестрикција на крвниот проток.

BFRT и FLOSSING вклучуваат примена на надворешен притисок над или под одреден мускул или зглоб на екстремитетите, обично со користење на еластична лента. Притисокот овозможен од завитканата лента, безбедно го одржува артерискиот доток на крв, но го намалува или затвара венскиот одлив дистално од местото.

Најновите истражувања регистрираат зголемени бенефити од оваа техника при:

  • зголемување на обемот на мобилност на определени зглобови (глужд,колено,рамо)
  • намалување на мускулната болка
  • алтернативен третман на Осгуд-Шлатер-ова болест
  • подобрувања во перформансите на скок и спринт
  • подобри перформанси за време на тренинг/натпревар
  • превенција на повреди
  • подобро закрепнување на мускулите
  • зголемување на мускулната големина

Примената на траките за flossing предизвикува компресија и венска констрикција. Во зависност од посакуваниот исход, терапијата може да се користи во комбинација со вежби. Истражувачите откриле дека во врска со користењето техники за ограничување на протокот на крв, вежбите со отпор со низок интензитет покажуваат зголемена електромиографска активност (ЕМГ) во споредба со вежбањето само со отпор. По отстранувањето на компресијата, повторната перфузија на мускулното ткиво теоретски ги носи овие посакувани промени.

Примена на техниката

Практичната употреба генерално е наменета за перфиерните зглобови и мускули (нозете и рацете). Цел може да бидат вкочанети зглобови и/или затегнати мускули.

Процесот вклучува:

  • Поставување на флосинг траката околу екстремитетот (мускулите или зглобот) од проксимално до дистално;
  • 2 минути за третман;

Зглобот или мускулот може истовремено да се активираат активно или пасивно за време на третманот. Примената на flossing лентите потенцијално може да биде корисен метод при спроведување на тековните техники за третман на акутна вкочанетост, при истегнување на зглобовите и враќање на нормалниот обем на подвижност на зесегнатиот зглоб.

Лесно се комбинира со кинезиотејпинг, мануелен третман, кинезитерапија и електротерапија.
Оваа техника е достапна во нашата амбуланта за физиотерапија и ја изведуваат нашите искусни и соодветно обучени физиотерапевти.

За повеќе инфорамции и закажување јавете се на 02/3091-484