Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

22.12.2021

FotoFinder – единствениот апарат со вештачка интелигенција за рано откривање на канцер на кожа преку комплетно мапирање на кожата

Во Центарот за естетска дерматологија при „Жан Митрев Клиник“ пристигна последната иновација за рано откривање на рак на кожата. Со помош на првиот дермоскопски систем за сликање FotoFinder се добива целосното мапирање на телото и дермоскопија со хигиенско растојание.

Кожата е најфасцинантниот орган на човечкото тело. Ја носиме на себе цел живот, преку неа чувствуваме и восприемаме, а и треба и да изгледаме убаво во неа. Кожата не’ заштитува одново секој ден. Токму оваа фасцинација од најголемиот орган-кожата ги мотивирала иноваторите од Фотофајндер преку континуиран развој да ја реализираат својата пасија да се грижат и да ја лекуваат кожата.

Од визија до реализација

Се’ започнало во 1991 година, на почетокот на новата мултимедијална ера. Андреас и Рудолф Мајер имале визија да развијат база на податоци за дигитални слики која ќе ги направи фотографските архиви излишни! Оваа визија беше всушност камен-темелникот на FotoFinder. Првата канцеларија им била зад една азиска продавница во Минхен, а тие немале ниту бизнис план ниту почетен капитал.

Никој не ни претпоставувал дека FotoFinder ќе еволуира од старт-ап со двајца луѓе во глобален мед-тех бренд. Сето тоа се случило благодарение на контактот со еден професор по дерматологија кој прецизно фотографирал бенки и креирал хартиена архива, процедура која одземала многу време. Наскоро им станува јасно дека следењето на бенките во дигитална форма може да направи револуција во откривањето на рак на кожата!

Така во 1994 година се раѓа медицинската видео камера и наскоро бидува развиен првиот дермоскопски систем за сликање FotoFinder. Во првите неколку години, секоја продажба била достигнување, а испораките патешествие со малиот компактен автомобил низ цела Европа.

Денес, FotoFinder (ФотоФајндер) е светски лидер во видео дермоскопија, наградуван и присутен во над 100 земји ширум светот.

Што е дермоскопија?

Минатата година 2020, беше 100 годишнината од кога за прв пат бил употребен терминот дермоскопија од страна на германскиот дерматолог Јохан Сапиер кој препорачал систематска примена на микроскоп за да ја испита анатомијата на кожата и различните патологии, така Карл Цајс за оваа намена го развил првиот биокуларен површински микроскоп. Но овој термин дермоскопија/дерматоскопија влегува во употреба дури во 1951 година кога го искористил Американскиот дерматолог Лон Голдман, а потоа го презел неговиот Англиски колега Рона Мек Ки.

Потоа следеле години кога научните сознанија биле проследени со технолошки иновации во медицината кои овозможиле рано откривање на меланома и останатите типови рак како што е автоматизираното мапирање на телото. Денес 101 година по првата употреба на овој термин, дермоскопијата е пожива од билокога до сега, полна со нови перспективи и полиња на делување. Дерматолозите од целиот свет се актоивно инволвирани во научните организации, истражувачки групи и форуми кои се занимаваат со оваа тематика.

Добре дојде ФотоФајндер!

Последната иновација за рано откривање на рак на кожата го револуционизира мапирањето на бенки во пост-корона времето: Дермоскопското испитување на целото тело со помош на FotoFinder ги спојува целосното мапирање на телото (Total Body Mapping) и дермоскопијата. Притоа, со хигиенско растојание од повеќе од 1,6 метри до пациентот, прегледот може да се одвива во безбедно опкружување.

Новиот, ултрабрз работен процес ја визуелизира површината на кожата без рефлексија и со спектакуларен квалитет. Ова овозможува преглед на статусот на бенките на пациентот веднаш, без да имапотреба од правење на дермоскопска слика на секоја поединечна лезија. Благодарение на поларизираните, обработени, слики со висока резолуција, структурата на невусите достапна преку слика на целото тело.

Ова е чекорот од целосно мапирање на телото до комплетна дермоскопија на целото тело!

Благодарение на модуларниот дизајн, функционалноста на FotoFinder може да се прилагоди на поширок опсег на услуги во секое време, без разлика дали се работи за дермоскопија, фотографирање на целото тело, консултација за коса или естетика. Неговите иновации ќе ги воодушеват пациентите!

Како работи ФотоФајндер (FotoFinder)?

Во време на пандемија на коронавирус секој миг е важен. Со ултрабрзиот процес на скенирање и интегрираната технологија на вештачка интелигенција, заштедува време, а контролите на кожата ги подига на сосема ново ниво на квалитет. Самата оддалеченост од пациентот на повеќе од 1,6м овозможува прегледот да биде безбеден.

Мозаикот наречен бенки

Мајсторот за скенирање на тело (Bodyscan Мaster) ги идентификува лезиите во сите направени слики на телото и интелигентно ги распоредува според нивната важност на еден екран. Софтверот ги категоризира како: нови, променети и непроменети невуси. Овој таканаречен ,,мозаик приказ,“ помага да се идентификуваат сомнителните лезии уште веднаш. Со тоа, видео-дермоскопскиот преглед се фокусира само на неколку атипични лезии за кои е потребна дополнителна проценка. Ова заштедува многу време и го намалува блискиот контакт на минимум.

Tехнологија на вештачка интелигенција за комплетно мапирање на кожата

Комплетното дермоскопско мапирање на кожата како процес, комбинира извонреден квалитет на слики, со нови софтверски функции и вештачка интелигенција (AI).

Токму Фотофајндерот со вештачка интелигенција овозможува исклучителни рeзултати на овој комбиниран систем. Од една страна тоа значи оптимизација на резултатите од скенирањето на телото (Bodyscan) и комплетното дермоскопско мапирање (Total Body Dermoscopy), а од друга страна ги поддржува анализите на поединечни лезии со анализаторот на бемки Moleanalyzer Prо кој дозволува пред-проценка на меланоцитски и немеланоцитски лезии користејќи алгоритам базиран на ,,длабоко учење“ тестиран при клинички испитувања.

Дермоскопија со максимална хигиена

Во случај лезијата да бара дополнително испитување, можете да ја искористите видео дермоскопијата со зумирање во најдлабоките структури на невусот со големо оптичко зголемување и моментално зумирање на областа. FotoFinder medicam доаѓа со заменливи предни капачиња кои може да се менуваат за дезинфекција после секој пациент.

Особено во услови на пандемија на ковид-19, која трае подолго време, сигурни сме дека не сте направиле редовна контола и затоа би сакале да ве потсетиме дека особено во случај на малигнен меланом, раното откривање може да спаси живот!

За да закажете кај дерматолози во Центарот за естетска дерматологија при клиничката болница Жан Митрев јавете се на 02/3104-910.

Извор: Убавина и здравје