Дневна доза здравје
Назад до Дневна доза здравје30.01.2023
Холестерол: причини, видови и превенција

Холестеролот е супстанца која природно се наоѓа во телото и е од суштинско значење за правилно функционирање на клеточниот ѕид. Меѓутоа, кога има вишок на холестерол во крвта, тој може да се акумулира во ѕидовите на артериите и да предизвика кардиоваскуларни проблеми.
Кои се причините за холестерол
Најголем дел од холестеролот се создава во црниот дроб, но може да се внесе и преку конзумирање на одреден вид на храна. Затоа, најчеста причина за зголемено ниво на холестерол е внесот на заситени масти како што се оние кои се наоѓаат во путерот, необезмастените млечни производи, јајцата, пецивата и преработените месни производи.
Други причини кои можат да придонесат за зголемен холестерол се:
- Седентарен начин на живот
- Дебелина
- Хипотироидизам
- Дијабетес
- Проблеми со бубрезите
- Семејна историја на високо ниво на холестерол.
Какви видови на холестерол постојат?
Постојат два вида на холестерол:
- Холестерол HDL или добар холестерол: го влече холестеролот од крвта до црниот дроб за да се елиминира, поради што се смета за добар за нашето кардиоваскуларно здравје.
- Холестерол LDL или лош холестерол: го носи холестеролот од црниот дроб до ткивата на телото.
Ако нивото на холестерол во крвта е повисоко од нормалното, може да се акумулира во ѕидовите на артериите во форма на наслаги, со тоа правејќи ги потесни и на тој начин зголемувајќи го ризикот од коронарна срцева болест.

Како се мери холестеролот?
Холестеролот се испитува преку крвна анализa (многу е важно да сте гладни пред тестот за податоците да бидат сигурни).
Нивоата на холестерол се мерат во милиграми на децилитар (mg/dL), а нормалните (здрави) вредности за возрасни се прикажани подолу:
- Вкупен холестерол: 125 до 200 mg/dL
- LDL: Помалку од 100 mg/dL
- HDL: 40 mg/dL или повисоk (за мажи) и 50 mg/dL или повисок (за жени)
Колку често треба да се прави тест за холестерол?
Сo прегледи за прв пат треба да се започне пред 35 години – за мажи, односно пред 45 години за жени.
А некои студии, препорачуваат да се започне на возраст од 20 години.
Вредностите на холестерол во крвта треба да се следат и затоа е потребно да се прават последователни тестови:
- Aко резултатите биле нормални, на секои 5 години.
- Kај лица со дијабетес, висок крвен притисок, срцеви заболувања, мозочен удар или проблеми со протокот на крв во нозете или стапалата, фреквенцијата треба да биде поголема.
- Барем еднаш годишно ако земате лекови за контрола на високoто ниво на холестерол.
Како може да се спречи холестеролот?
За да се спречи покачен холестерол, се препорачува следното:
- Одржувајте врамнотежена исхрана без заситени масти, како што е медитеранската исхрана богата со зеленчук, мешунки, житарки и овошје.
- Правете физички вежби редовно.
- Избегнувајте тутун бидејќи истиот влијае во намалување на добриот холестерол (HDL).
Во Клиничката болница Жан Митрев дијагностицираме и третираме секаков вид медицинска патологија во координација со кардиолози, гастроентеролози и останатите медицински и хируршки специјалисти. Можеме да Ве советуваме и да ги решиме сите Ваши сомнежи на персонализиран начин.
Закажете го Вашиот преглед на 02 3091 484