Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

25.01.2021

Како со квалитетна исхрана против остеопорозата?

Она што го јадеме има голем ефект врз нашето целокупно здравје, а секако тука се и коските. Одржувањето на јачинатана коските значи заштита од остеопороза т.е. прогресивно слабеење (разредување на коските). Ова посебно важи за жените иако се почесто и мажите не се поштедени од оваа болест.

Медицината предупредува дека после менопаузата, жените со  голема брзина ја  губат коскената маса при што коските стануваат лесно кршливи посебно  коските на колковите. Покрај  тоа што е наследниот фактор број еден  за тоа дали ќе имате остеопороза или не, друг фактор одговорен за овој ризик, за добивање на остеопорозата, е и начинот на исхрана  како и недостатокот на физичка активност.

Научните истражувања потврдуваат дека за одржување на  здрави коски не е важен само калциумот туку и внесувањето на други  хранливи состојки кои се важни за  зачувување на  коскената маса.
Калциумот претставува главен градител на коскеното ткиво и во скелетот се содржат околу 99 проценти од севкупниот калциум на телото. Калциумот во коските претставува и резервоар за одржување на нивото на калциум во крвта, што е неопходно за нормално функционирање на мускулите и на нервите.

Борот  е минерал кој  во организмот се наога во мали трагови (количини)  но може значајно да  влијае на  спречување на остеопорозата. Ако не јадете доволно овошје, јаткасти  плодови  вие всушност не добивате доволно бор а тој недостаток може да го поремети метаболизмот на калциум при што коските стануваат кревки.

Борот го  зголемува нивото на естроген во крвта како и другите состојки кој спречуваат губење на калциумот и деминерализација на коските. Со други  зборови борот  делува како блага замена за ,,естрогенска терапија“. Без бор вашиот организам не може да ја задржи неопходната количина на калциум.

Статистиките велат дека жените во постменопаузата кои  со храната не внесувале доволно количина на бор биле склони кон губење на калциум и магнезиум – минерали кои  ги јакнат коските. Со земањето на 3 мг.бор на ден (количина која лесно се  зема  од храната) губењето на калциум е смален за 40 %.  Борот најмногу  го има во овошјето (јаболко, круша, грозје, урми, суво грозје, праски), мешунките, јаткасти плодови (бадем, кикирики, лешник) но и во медот.

За  вашите коски да бидат здрави  пијте сок од ананас јадете и други намирници богати  со манган бидејки и тој  заедно со  борот има важна улога за коските. Други  извори на манган се овесното брашно, грав, интегрална пченица, спанаќ… Исто така и употребата на  витаминот  Д е од голема улога за спречување на остеопорозата што значи во исхраната  треба се почесто да  биде  вклучена  и  рибата и морските плодови. И секако  да не се  изостави  физичката активност,  која е  од големо значење на   целокупното  здравје. Сепак, да напоменеме, избегнувајте  внесување  голема количина на натриум или солена  храна, прекумерно  конзумирање на алкохол и  цигари.

Со цел да бидете навистина сигурни дека вашите коски ги добиваат сите микронутриенти што им се потребни, добро е да ја дополнувате вашата дневна исхрана со дополнителни микронутриенти, на пример со Orthomol Остео. Овој производ е диететска храна која обезбедува сè што е потребно за коските.

  • Витаминот Д придонесува за нормална апсорбција и искористување на калциумот и фосфорот, како и за одржување на нормално ниво на калциум во крвта.
  • Калциумот е потребен за одржување на нормални коски.
  • Витаминот Ц придонесува за нормално формирање на колаген за нормална функција на коските.
  • Витаминот К, витаминот Д, витаминот Ц, како и цинкот и манганот, придонесуваат за одржување на нормални коски. Витаминот Ц, како и цинкот, бакарот и манганот придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Orthomol Остео е додаток во исхраната, наменет за справување со остеопорозата и можете да го најдете во нашата Фила Аптека, во склоп на Клиничка боница Жан Митрев.