Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

03.10.2018

Кои се можностите за младите доктори во Zan Mitrev Clinic?

My alt text

Zan Mitrev Clinic отвора можност за младите доктори веднаш после завршување на студиите да се пријават за работа во Zan Mitrev Clinic и после 1 месец волонтирање и соодветна селекција, да добијат вработување со почетна плата од 800 евра. Кога ќе почнат со дежурства за викенди, истите дополнително се плаќаат.

На овој начин младите доктори добиваат можност за понатамошна едукација и усовршување во разни медицински техники и технологии.

После една година од вработувањето, доколку се докажат во работата, добиваат специјализација, која ја сакаат и која е потребна на клиниката, како кардиохирургија, васкуларна, торакална, абдоменална, уролошка хирургија, неврохирургија, пластична хирургија … односно сите хируршки гранки, или пак анестезиологија, интерна медицина, кардиологија, гастроентерологија, неврологија, педијатрија, итн… т.е. сите интернистички гранки.

За време на специјализацијата активно ќе бидат вклучени во работата на клиниката, со цел поголемо остручување во таа област и како специјализанти од втора година добиваат плата која ќе се движи околу 1500 евра во денарска противвредност

По завршување на специјализацијата добиваат договор за вработување на неопределено време со обврска да работат најмалку 8 години како специјалисти и почетна плата која ќе се движи околу 2500 евра во денарска противвредност со можност за покачување.

Со ова се овозможува во Zan Mitrev Clinic сите млади доктори да ја градат својата кариера и животен пат, без притоа да мора да размислуваат за заминување во странство, бидејќи светските стандарди се дел од нашата работа.

Во текот на целата едукација и работење, младите доктори се вклучени во разни клинички научни студии од интерен и меѓународен карактер, со што се стимулираат на учество на конгреси и семинари, при што клиниката целосно ги сноси трошоците за нивното учество.

Понатаму се нудат сите стимулативни мерки за доедукација за магистерски и докторски студии и добивање на официјални академски титули.

Моментално во Zan Mitrev Clinic се потребни најмалку 10 млади амбициозни доктори со завршени студии. Сите кои ги исполнуваат горенаведените услови може да се пријават на овој оглас.

Заинтересираните може да се пријават на следниот е-маил: vrabotuvanje@zmc.mk