Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

16.08.2021

Мозочен удар – како да го препознаете и да го превенирате

Мозочниот удар е состојба што се јавува кога снабдувањето со крв во мозокот е намалено како резултат на блокада (исхемичен мозочен удар) или прскање на крвен сад (хеморагичен мозочен удар). Без крв, мозокот нема да добие кислород и хранливи материи, па затоа клетките во мозочната област погодени наскоро може да изумрат.


Мозочниот удар е сериозна акутно настаната животно загрозувачка состојба, која бара итна медицинска помош затоа што мозочните клетки можат да умрат за само неколку минути. Смртта на мозочните клетки предизвикува делови од телото контролирани од оштетената област на мозокот да не функционираат правилно. Навременото лекување може да го минимизира нивото на оштетување на мозокот и можноста од компликации.


По процентот на смртност мозочниот удар се наоѓа на трето место веднаш после болести на срецето и карцином. На почетакот на 21-от век, речиси 1.1 милиони луѓе од Европа доживуваат мозочен удар секоја година и од нив 80% се исхемични мозочни удари.


Мозочниот удар може да се јави кај сите возрасни групи, но почест е кај пациенти над 65 годишна возраст, иако во последно време стапката кај млади лица расте, што укажува на фактот дека е потребна стратегија за подобра превенција.

Последиците од мозочен удар водат до голем и тежок инвалидитет

И покрај тоа што мозочниот удар започнува ненадејно и неочекувано и се развива многу брзо, тој е последица на дисфункција што траела со децении. Исхемичниот мозочен удар ( т.е мозочен удар предизвикан од блокирање на крвен сад во мозокот) е поврзан со повеќе ризични фактори, особено хипертензија, покачен холестерол, дијабетес, дебелина, аритмија и пушење. Колку повеќе фактори на ризик се присутни, толку се поголеми шансите за мозочен удар.

Симптомите на мозочен удар можат да бидат различни за секој заболен, меѓу кои најчестите симптоми се:

  • Слабост или парализа на лицето, раката или ногата
  • Лоша координација или рамнотежа
  • Тешкотии со зборување или разбирање на говорот
  • Тешкотии со голтање
  • Проблеми со видот ( заматен вид, дупло гледање или губење на видот)
  • Здрвеност или губење на чувството на една страна на телото

Сликовен приказ на некои од најчестите симптоми при мозочен удар


Дијагнозата се поставува врз основа на клиничката слика, невролошкиот статус, невро-имоџинг методите од типот на компјутеризирана томографија, со каротидографија и магнетна резонанца, доплер- сонографија на каротидните и вертебро-базиларни артерии.

Третманот може да биде конзервативен или хирушки, надополнет со физикална терапија за побрза рехабилитација.


Негата после мозочниот удар може да вклучи следново:

  • Испитување за да се открие типот на мозочниот удар, местото на оштетување, и колку бил сериозен ударот ( поставување на дијагноза ).
  • Скенирање на мозокот што е можно побрзо што треба да помогне во одредувањето на дијагнозата.
  • Примање на лекови за да се раздреди грутката од крв (тромболиза). Тромболиза не се нуди секогаш, само мал број од луѓето мо` да ја прими во рок од многу кус временски период после мозочниот удар за да може да десјтвува.

Тест на крвта за да се провери нивото на шеќерот и холестеролот

Препишување на лекови за да се намали крвниот притисок и холестеролот, како и таблети за намалување на ризикот од формирање на грутки на зачепена крв од типот на Аспирин и Клопидогрел и оралните и парентерални антикоагуланси од типот на варфарин.

После мозочен удар може да има следниве проблеми:

  • Движење и одење
  • Голтање и јадење
  • Зборување, пишување и разбирање
  • Контрола врз мочниот меур или дбелото црево
  • Губиток на чувство ( целосно или само на една страна на телото)
  • Слух, вкус или мирис,
  • Емоционални и психолошки ефекти

Рехабилитацијата може да трае подолг период зависно од степенот на мозочниот удар.

Д-р Емилија Горгијева
Невролог