Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

13.11.2018

Напредна клиничка пракса за млади лекари во ZMC

My alt text

Zan Mitrev Clinic (ZMC) нуди интензивна напредна клиничка пракса насочена кон неодамна дипломираните млади лекари.

Едномесечниот интензивен курс е бесплатен и ги подготвува учесниците за интензивната клиничка пракса во нашата клиника. Моментално имаме запишани 36 млади лекари.

Раководството на ZMC го воспостави курсот за да ги надополни празнините во тековната наставна програма во државните медицински училишта кои не ги исполнуваат стандардите на Joint Commision International (JCI) за безбедност на пациентите, препораките на СЗО (WHO) за антибиотици и упатствата на МКХ за добра клиничка пракса (ICH Good Clinical Practice).

Тие имаат осмислено програма базирана на различни елементи на напредната клиничка пракса.

Курсот се фокусира на: 1) безбедност на пациентот, 2) спречување и контрола на интрахоспитални инфекции, 3) напредна дијагностика, 4) итна медицинска помош, 5) основни методологии за истражување/ медицинска статистика и 6) етика во медицината.

Предавачи се Медицински експерти/специјалисти од ZMC, медицински сестри, фармацевти, физиотерапевти, психолози и биомедицински научници.

Основниот принцип на курсот е „тимска работа“. Младите лекари се охрабруваат да ги идентификуваат и трансформираат нивните слабости во предности преку заедничка работа. Важно е, и се очекува од учесниците на курсот да покажат голем ентузијазам, истражувачки начин на размислување и силен афинитет кон медицината базирана на докази.

Време траењето на обуката е 4 недели и се завршува со усна презентација, писмен испит и практичен тест. На врвните кандидати им се нуди вработување и им се доделува ментор кој понатаму ќе го координира нивното континуирано образование.

My alt text

Ние силно веруваме дека нашиот курс ќе им помогне на младите лекари да го постигнат својот целосен потенцијал.

Преку овој курс, ZMC се оддолжува на македонската заедница нудејќи им на младите талентирани локални клинички лекари можност да растат и да напредуваат без потреба да се преселат во странство.

Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте нè преку info@zmc.mk.