Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

25.12.2018

Одржан состанок на тема „Фармакогенетика во секојдневна клиничка пракса“

На 20 декември 2018 година во Zan Mitrev Clinic се одржа стручен состанок на Здружението за кардиоваскуларна хирургија на Р. Македонија и Македонското здружение по кардиологија. Главната тема на која што се говореше е „Фармакогенетика во секојдневна клиничка пракса “ по што следуваше општа дискусија, прашања и одговори, генерално на сите теми од областа  на кардиоваскуларната хирургија и кардиологија.

Состанокот со свој поздравен говор го отвори првиот човек на клиниката, доктор Жан Митрев, кој ги поздрави присутните и се осврна на важноста на генетиката во третманот на пациентите, пред и постоперативно, со цел успешно заздравување.

– Мене ми е многу драго да ве видам во вака голем број, колеги, професионалци, коишто во главно се бавите со интерна кардиологија и слични гранки. Јас како хирург имав поодамнешна желба да се запознаам со генетиката пред се чисто од љубопиност и желба да се следи она до каде стигнала науката на ова поле. Така поодамна ми се всади таа идеа да се има една генетска лабораторија во нашата клиника за која сфатив дека е многу важна работа и не само важна туку и животно важна за пациентите, а и за нас како доктори коишто ги даваме тие услуги. Со оформувањето на новата болница една од желбите ми беше да формирам ваква лабораторија, идеа на која што веднаш почнав да работам. Во тоа време се запознавме со двајца млади генетичати со кои направивме една симбиоза од која се изроди нашата Генетска лабораторија која успешно работи веќе втора година. Јас искрено сум многу среќен од таа наша соработка. Ова произлезе од потребата на пациентот да можеме да му овозможиме адекватна терапија од една страна, а од друга страна докторот да биде заштитен од она што значи неуспешна терапија.  Исто така сакам да напоменам дека ова е несомнено многу важна гранка, новите трендови во медицината ќе одат се` повеќе во оваа насока, се` повеќе се заговара генетска хирургија. Па можеби нашите деца или некои други генерации ќе работат на таков начин каде што претходно ќе ги оперираат гените за да не дојде до болести коишто ние сега ги лекуваме на еден или друг начин. Значи тој дел многу ќе се развива во иднина и јас сум среќен што ние сме една од ретките институции во Европа каде што нудиме генетски испитувања поврзани со клиничката пракса – изјави доктор Митрев.

Во наредните два часа свои излагања имаа д-р. сци. Славица Јосифовска и проф. д-р Сашо Панов на тематиката „Молекуларна генетика и геномика на кардиоваскуларните заболувања “

Проф. д-р Марјан Бошевски зборуваше за белодробна тромбоемболија – генетски основи и клинички аспекти , додека Д-р Милка Клинчева имаше излагање за „Рутинска примена на фармакогенетски тестови во секојдневна клиничка пракса кај кардиоваскуларни пациенти“.

„Фармако(генетика) во Zan Mitrev Clinic , првите чекори кон персонализирана генетика“ беше областа на која говореа нашите колеги д-р сци. Горан Кунгуловски и м-р Сања Механџиска.

 

  • 503
    Shares