Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

03.01.2017

Поддршката за спортот

Поддршката на д-р Жан Митрев кон спортистите вродува со многу победи, златни медали и високи места за натпреварувачите на домашни и меѓународни натпревари. Ако пред неколку години, кикбоксингот клубот се “борел“ за опстанок на спортската сцена, сега, благодарение на соработката со д-р Митрев се нижат високи резулати на натпревари во земјата и странство. Пред неколку дена, членови од клубот “Гладијатор“ од Штип се вратија со бројни награди од меѓународниот натпревар на балканско ниво“Balkan Best Fighters”, во Ниш, Србија. Помеѓу натпреварувачи од 40 клубови, од 7 држави, тие се закитиле со 7 медали и 1 пехар. Славче Арсов со три победи во три борби со по 3-0 е прогласен за најдобар јуниор на турнирот, се закитил со златен медал и го освоил пехарот на турнирот.  Девојките од клубот , храбро се бореле , па Јулија Арсова се закитила со златен медал, а две девојки од новоформираниот клуб во Македонска Каменица освоиле трето и второ место. Прво место за Никола Нацев и второ за Ерик Коцев се победите кои ги освоиле неуморните “гладијатори“.

Задоволен од психофизичката подготвеност на натпреварувачите,  која вроди со добри резулати, особено на најмладите, тренерот Кирил Нацев смета дека се голем поттик за  клубот. “ Ние веќе формиравме нов младински кадар кој се подгтовува за нови подвизи- Европско првенство во Скопје. Несебичната поддршка во работата на клубот и обезбедување на опрема за вежбање и натпреварување, пружена од д-р Жан Митрев е главен мотив да продолжиме и понатаму да обезбедуваме високи пласмани. Во време кога се помалку има поддржувачи на спортот, наша задача е да ја оправдаме довербата од д-р Митрев“, изјави тренерот. На “гладијаторите“ од Штип, следен предизвик им е учество на Европски куп во Карловац, Хрватска, каде има над 200 натпреварувачи, потоа, државното првенство во Скопје, Балкански куп во Тешањ, Босна, државно изборно првенство, Сараево ОПЕН, а највисока цел им е Европското првенство кое е планирано за септември, 2017.