Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

27.10.2020

Со 3Д мамографија се зголемува моќта за рана детекција на карциноми за 20-65%

Мамографија со посебен осврт на томосинтеза –3Д мамографија

Мамографијата е неинвазивна метода за преглед на дојката која се користи  за откривање на тумори и други промени кој се премали за да се испалпираат. Првата мамографија се советува да се направи помеѓу 35-40-та годишна возраст, а по 40-та година секои 1- 2 години.

  • Пациентки со фамилијарна анамнеза на карцином на дојка или овариуми, скрининг мамографијата треба да ја почнат порано во договор со радиолог.
  • Пациентки со висок ризик за карцном на дојка покрај мамографијата треба да направат и магнет на дојка.
  • Пациентка со циклус најдобро  е да го прави прегледот од 7-15 дена од почеток на циклус.
  • Пред доаѓањето на преглед не треба да се користат антиперспиранти,пудри  под пазуви бидејќи може да дадат артефакти на мамограмот и грешка во анализата на мамографијата.

2Д дигитална и 3Д мамографијата – томосинтеза

2Д мамографија –  е радиолошка метода која за разлика од класичната мамографија е со помала доза на зрачење на пациентката околу 30-40%, а со дигитализација на сликата се овозможува подобра визуелизација на микрокалцификатити и архитектонската дисторзија на дојката, а сето тоа е предност за откривање на карциномот на дојката во најран стадиум.

3Д мамографијата – томосинтеза е најнова технологија која користи поголем број проекции од повеќе агли на секоја дојка при што се добиваат 50 слики од сите делови на дојката со дебелина од 1мм.

Дојката е позиционирана на ист начин како и 2Д мамографијата, но се користи помал притисок. Студиите докажале дека 3Д мамографија-томосинтеза  го намалува бројот на лажно позитивни наоди. Томосинтезата е посебно корисна кај жени со густо ткиво на дојката. Овозможува рана детекција на карциномот со јасен приказ на лезијата и го редуцирана бројот на непотребни биопсии. Томосинтезата го минимизира ефектот на преклопување и овозможува јасен приказ на мали лезии.

Нашиот мамомат е најсовремен апарат со супериорни клинички перформанси, ергономичен дизајн кој овозможува комфорт на пациентката за време на снимањето, ниски дози на зрачење како и брзина на скенирање од 3,7 секунди.

Д-р Магделена Поповска Цветкова
Спец. по радиодијагностика