Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Спроведување на Цитратна дијализа во Zan Mitrev Clinic

Назад до Дневна доза здравје

10.05.2019

Спроведување на Цитратна дијализа во Zan Mitrev Clinic

Цитратна дијализа е дијализа која како средство кое би спречило згрутчување односно коагулација на крвта во системот додека трае процесот се користи цитратен раствор а не хепарин. Додека се спроведува третманот со дијализа, крвта на пациентот излегува од телото и оди во систем за дијализа кој ја филтрира односно дијализира односно ги отстранува деградационите продукти, вишокот вода, електролити, односно тоа што ќе му зададеме на системот. Оваа дијализа ја спроведува тимот од Интензивна нега и анестезија во нашата клиника, кои се специјализирано обучени за сите видови на третман со машините на Baxter – Prizmaflex при што се користат СТ 150 филтри и Oxiris филтри.

– Додека е крвта во тој систем може да коагулира и третманот да биде неуспешен дури и животозагрозувачки. За таа цел мора да се користи антикоагулантно средства. Кај „обичната“ дијализа стандардно користиме хепарин. Во овој случај користиме цитратен раствор. Зошто? Хепаринот во многу случаи е контраиндициран. Има пациенти со активно крвавење, со ХИТ (хепарин индуцирана тромбоцитопенија), со различни видови на коагулопатии, со тромбоцитопении од друг вид и сл. Кај тие пациенти употребата на хепарин како антикоагуланс би го зголемил ризикот од крвавења. Затоа овој тип на дијализа или цитратна дијализа е погоден за сите тие категории на пациенти. Индикациите за дијализа се истите, анурија, олигурија, хиперкалемија, тешка ацидоза, акутна бубрежна слабости, хронична бубрежна слабост, тешки интоксикации, сепса… а кој тип на антикоагулант ќе го одбереме ќе зависи од коморбидитетите на самиот пациент објаснува доктор Драгица Вучкова, анестезиолог.

Предноста е во тоа што со овој тип на дијализа истата е достапна кај пациенти кај кои постои контраиндикација или зголемен ризик од хепаринска дијализа, додава доктор Вучкова.