Стручноста на гинеколозите од аголот на задоволна пациентка

Дневна доза здравје

март 03,2017

“Кога се работи за здравје, кај мене не постојат алтернативи во избор на доктори… Здравјето е примарно, а во изминативе  неколку години, во болницата кај д-р Жан Митрев сум имала само позитивни искуства. За моја среќа, тоа се потврди и овој пат“. Драгица Митковски од Скопје (67), го истакна нејзиното задоволство од успешната операција на матка и јајници, од страна на искусниот гинеколошки тим од  проф. д-р Васил Илиев и д-р Ирена Андонова.

Со текот на времето, Драгица почнале да ја мачат гинеколошки проблеми. Искуството со другите клиники во однос на недоволна грижа при интервенции, долг период на чекање и неизвесност при лекувањето, и овој пат ја упатиле кон професионалците од тимот на д-р Митрев. Нејзиниот проблем со матката беше решен само за 5 дена. Ниту во еден момент немала сомнежи дека се ќе помине во ред, пред се поради сигурноста која ја имаат докторите, а индиректно ја пренесуваат на пациентите.

На четвртиот ден од операцијата, Драгица чекаше да помине редовната визита од медицинскиот тим и беше во исчекување на информации за нејзината состојба… Се вративме во нејзината соба по визитата, а загриженоста на лицето која ја имаше претходно беше заменета со насмевка… “ Се подготвувам за заминување дома. Се е во ред, ми потврдија докторите. Сега сум смирена и среќна“, изјави Драгица.

Пред заминување дома, Драгица не штедеше пофалби за д-р Жан Митрев, за проф. д-р Васил Илиев и д-р Ирена Андонова, како и за другиот медицински и немедицински кадар. Нејзината порака е: Негувајте ја пожртвуваноста и професионалноста кон пациентите, ние тоа го цениме и препознаваме…