Успешна операција на тотална транспозиција на главни крвни садови кај бебе од домашниот тим предводен од Акад. Др. Жан Митрев

Дневна доза здравје

август 08,2019

 

Првпат во Македонија успешно се изведе една од најтешките и најкомплексните операции на срце кај деца. Новороденото дете од 2.9 кг беше дијагностицирано на Клиниката за педијатрија и веднаш упатено во нашата клиника, Клиничка болница „Жан Митрев“ како итен случај.
После соодветна подготовка, штотуку родениот мал пациент вчера беше успешно опериран.
Се работи за т.н. тотална транспозиција на главни крвни садови, една од најкомплексните аномалии на срцето, со која сите крвни садови излегуват обратно од срцето, со тоа крвта циркулира во обратен правец, овие деца се сини и заради недостаток од кислород умираат набрзо после породувањето.
Операцијата ја изврши Акад. Др. Жан Митрев и целата оперативна подготовка, анестезијата, кардиоперфузијата, инструментарките, како и комплексното постоперативно водење беше од лекарите и персоналот на Клиничка болница „Жан Митрев“.
Мора да се напомене, дека во овој комплексен исклучително тежок оперативен зафат немаше ниту еден странец или советник на ниедна позиција. Со оваа операција и „стариот “ тим и „новиот“- дојдените од државната клиника, покажаа голема зрелост за вакви подвизи во медицината и покажаа, дека веќе се „еден тим“!