00389 2 3091 484
февруари 02,2022
Уште во IX век, научниците го сфатиле постоењето на поврзност меѓу бременоста и зголемената подложност на инфекции. До почетокот на XX век, оваа врска помеѓу бременоста и сериозните последици од заразните болести ги натерала лекарите да препорачуваат терапевтски абортус на трудниците со туберкулоза за да се намали ефектот на болеста врз мајката.
Иако оттогаш се развиени ефективни превентивни и терапевтски интервенции за лекување на туберкулоза, врската помеѓу бременоста и заразните болести останува и сè уште е проблем при други заразни болести. Истражувањата покажуваат дека кога е жената е бремена, нејзините адаптивните имунолошки реакции стануваат послаби, што се наведува како причина на намалениот вирусен клиренс забележан кај бремени жени.
Дополнително, доказите покажуваат дека вродениот имунолошки одговор на телото е зголемен за време на бременоста, за да одговори на намалениот адаптивен имунолошки одговор за заштита на бремената жена и нејзиниот фетус од последиците на инфекцијата.
Некои докази сугерираат дека бремените жени се поподложни на заразување со инфекции
Дополнително, неодамнешни студии навестуваат исто така дека бремените жени, исто така, може да бидат поподложни на заразување со заразни болести, како и да страдаат од потешки симптоми. Податоците покажуваат дека бремените жени може да бидат поподложни на заразување со ХИВ, листериоза и маларија, иако се потребни повеќе податоци за да се потврди оваа претпоставка.
Заразувањето со сипаници за време на бременоста може да биде опасно и за мајката и за бебето. На жените кои се бремени им се советува да го контактираат својот матичен лекар веднаш доколку појават симптоми на сипаница или ако биле во контакт со некој што е заразен. Во многу земји, возрасните имаат имунитет на сипаници, меѓутоа дефинитивната потврда дали бремената жена е имуна или не се прави со тест на крвта.
Цитомегаловирусот (CMV) е вирус кој е дел од семејството на херпес. Тој е одговорен за предизвикување херпес, како и варичела. Иако инфекциите со овој вирус се чести кај децата, вирусот може да биде опасен доколку жената да се зарази за време на бременоста, а може да влијае на фетусот. Потврдено е дека бебињата родени од жени кои биле инфицирани со ЦМВ за време на бременоста може да страдаат од губење на слухот, слепило или оштетување на видот, епилепсија или тешкотии во учењето. Во случаи кога мајката не била заразена претходно и ја доживеала својата прва ЦМВ инфекција за време на бременоста, постои зголемен ризик за бебето. Здравствените работници советуваат да се преземат многу едноставни превентивни мерки за да се спречи пренесување на ЦМВ инфекции кај малите бебиња. Овие мерки вклучуваат редовно миење на рацете, избегнување бакнување на децата во лицето и не споделување прибор за јадење или чаши со деца.
Стрептокок од групата Б (GBS) ретко претставува опасност за бебето. Меѓутоа, во многу мал број случаи, инфекцијата може да помине од мајката на бебето и може да предизвика сериозни болести. На жените кои имале инфекција на уринарниот тракт со стрептокок од групата Б за време на бременоста, треба да им се понудат антибиотици за време на породувањето за да се спречи бебето да се зарази со вирусот за време на раѓањето. Одредени ситуации, исто така, може да доведат до поголема веројатност детето да се зарази со вирусот од мајката. Таков е случајот за време на предвремено породување, ако мајката имала треска за време на бременоста или ако водењакот ѝ пукне прерано.
Додека повеќето возрасни кои се инфицираат со хепатитис Б најчесто целосно закрепнуваат во рок од неколку месеци, бебињата кои се заразуваат од вирусот за време на бременоста се склони кон хронични инфекции, при што 90% од бебињата родени со инфекција развиваат хроничен хепатитис Б. На бремените мајки треба да им се понудат тестови на крвта за инфекција со хепатитис Б, така што на ризичните бебиња може да им се даде вакцина при раѓањето за да се избегне хронична инфекција и заболување на црниот дроб.
Слично на тоа, хепатитисот Ц може да се пренесе од мајка на бебе, а тестовите на крвта треба да се направат за време на бременоста за да се процени ризикот на детето. Иако пренесувањето на овој вирусот од мајка на бебе е помалку веројатно отколку кај хепатитис Б, во моментов не постојат методи за спречување на овој пренос.
Херпесот е уште еден вирус кој може да се пренесе од мајка на бебе, но сепак, тој може сосема да се спречи. Ако жената ја добие првата инфекција со херпес кон крајот на бременоста, најверојатно ќе се препорача царски рез како средство за спречување на пренесување на инфекцијата на детето.
Конечно, иако ХИВ инфекцијата веројатно нема да има значително влијание врз бремената мајка ако нема симптоми на инфекција, постои висок ризик таа да ја пренесе инфекцијата на своето бебе. За среќа, третманот за време на бременоста може да го намали овој ризик од 25% (без третмнан) на помалку од 1% со третман.
Генерално, важно е бремените жени да имаат пристап до ажурирани информации за влијанието на инфекциите врз нивното здравје и врз здравјето на нивното бебе. Иако многу инфекции можат да имаат негативно влијание и на мајката и на детето, постојат многу превентивни и терапевтски методи за заштита на здравјето на родителот и бебето за што можат да ве советуваат вашите лекари гинеколози.