00389 2 3091 484
август 08,2020
Неодамнешните студии спроведени од страна на германски тим лекари покажуваат дека COVID-19 инфекцијата, независно од сериозноста и целокупниот тек на акутната болест, силно влијае на кардиоваскуларниот систем, при тоа сериозно влошувајќи ја срцевата функција.
Ова е заклучок изведен согласно резултатите од анализата на направените кардиолошки магнетни резонанци на пациенти кои прележале COVID-19 инфекција.
Истражувањето опфаќа репрезентативен примерок од 100 излекувани пациенти, во периодот април-јуни 2020 година. Истите биле идентификувани од базата на Универзитетската Клиника во Франкфурт. Параметрите кај овие пациенти покажуваат дека без разлика дали тие претходно имале кардиоваскуларно заболување или не, последиците од инфекцијата врз кардиоваскуларниот систем се значителни.
Оригиналното истражување може да го прочитате овде: https://bit.ly/3klpfuU