Правилната постура-држење на телото е многу повеќе од само стоење исправено за да изгледате убаво. Постурата е важен дел од вашето целокупно здравје во текот на животот. Одржувањето на телото во правилна положба, без разлика дали се движите или стоите, може да ви помогне да избегнете болка, повреди и други здравствени проблеми.
Правилното држење на телото може да опфаќа две главни позиции. При седење или при движење. Динамично држење – се однесува на тоа како се држите кога се движите, како на пример кога одите, трчате или се наведнувате за да земете нешто. Статично држење – се однесува на тоа како се позиционирате кога не сте во движење, како на пример кога седите, стоите или спиете.
Важно е да се одржува правилна постура и во двата случаеви, а за тоа да се случи клучна е положбата на вашиот ‘рбет. Вашиот ‘рбет има три природни кривини: во вратот, во средината на грбот и во долниот дел на грбот. Правилното држење значи дека треба да бидат присутни овие облини, но не и да ги зголемува. Главата треба да се држи исправено на рамената, а рамената треба да бидат во линија со колковите.
Лошото држење на телото може да биде штетно за вашето здравје. Одењето наведнато може да доведе до:
Погрешно усогласување на мускулно-скелетниот систем
Трошење на вашиот ‘рбетен столб, правејќи го покревок и склон кон повреди
Појава на болка во вратот, рамената и грбот
Намалена флексибилност
Неправилно движење на вашите зглобови
Нарушување на вашата рамнотежа и зголемен ризикот од паѓање
Несоодветно варење на храната
Тешкотии и нарушено дишење
Како може да го подобрите целокупното држење на телото?
Бидете свесни за држењето на вашето телото за време на секојдневните активности, како што се гледање телевизија, миење садови, одење или работење пред компјутер.
Останете активни. Секаков вид на вежбање може да помогне да се подобри вашето држење на телото, но одредени типови на вежби може да бидат особено корисни. На пример, јога и други видови на вежби кои се фокусираат на свесноста за телото. Исто така, добро е да правите вежби кои ги зајакнуваат мускулите околу грбот, стомакот и карлицата.
Одржувајте здрава тежина. Прекумерната тежина може да ги ослаби вашите стомачни мускули, да предизвика проблеми со карлицата и ‘рбетот и да придонесе за болка во долниот дел на грбот. Сето ова може да го наруши вашето правилно држење на телото.
Носете удобни чевли со ниски потпетици. Високите потпетици можат да влијаат на вашата рамнотежа и да ве принудат да одите поинаку. Ова може да го зголеми притисокот врз вашите мускули и да го оштети правилното држење на телото.
Погрижете се вашите работни површини да бидат на удобна висина за вас, без разлика дали седите пред компјутер, подготвувате вечера или јадете.
Како да го подобриме држењето на телото при седење?
Многу луѓе поминуваат премногу време седејќи, без разлика дали се на работа, училиште или дома. Важно е правилно да седите и да правите чести паузи.
Често менувајте ја седечката положба.
Направете кратки прошетки низ вашата канцеларија или дома.
Нежно истегнете ги вашите мускули од време на време за да помогнете во ублажување на мускулната тензија.
Доколку вашите стапала не го допираат подот, користете потпирач за нозе
Опуштете ги рамената. Тие не треба да се наведнуваат или да се повлекуваат назад
Држете ги лактите блиску до телото. Тие треба да бидат свиткани помеѓу 90 и 120 степени
Погрижете се грбот да ви е добро потпрен. Користете перница или друга потпора ако вашиот стол нема потпора за кривината на долниот дел на грбот.
Проверете дали бутовите и колковите се добро поддржани. Треба да имате добро обложено седиште, а бутовите и колковите да бидат паралелни со подот.
Поврзани Новости
30.09.2024
Гинекомастија – ендокринолошки и естетски проблем
Гинекомастијата претставува состојба на абнормално зголемување на дојките кај машките индивидуи. Се јавува како резултат на дисбалансот меѓу машките и…
Пластична Реконструктивна и Естетска Хирургија претставува посебна супспецијалност во хирургијата. Естетска хирургија е најубавиот дел од хирургијата кој се занимава…