00389 2 3091 484
март 03,2015
Болницата „Филип Втори“ со свој еминентен кадар активен учесник на ова големо случување
Во организатција на Здружението на Физиотерапевти на Република Македонија од 26 -29.03.2015 во МАНУ беше одржан првиот Конгрес на физиотерапевти на Р. Македонија. Масовен конгрес со учество на 130 медицински лица од 13 земји Бугарија, Турција, Албанија, од сите држави на поранешната СФРЈ , потоа Италија, Швајцарија и Велика Британија. Специјален гостин на настанот беше Професор Силверио Ди Рока од Италија кој за прв пат во Македонија ја презентираше Миофункционалната Постурална рехабилитација .Во периодот од четири дена беа презентрани 34 предавања и 5 постер презентации со кои беа обработени теми од спортската, педијатриската, кардиоваскуларната, невролошката и посттрауматската рехабилитација и респираторната терапија.
Од Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ предавачи и активни учесници ,кои инзворедно ја презентираа стручноста и посебноста на нашите новини од оваа област беа:1. Проф. д-р Ѓорѓи Зафировски – „Предскажувачки фактори кои влијаат на брза рехабилитација после ортопедски оперативни процедури“2. Доц. д-р Милка Клинчева – „Кардиопулмонална рехабилитација во единиците за интензивна нега“
3. Дипл. физиотерапевт Олгица Димитров – „Физикална и респираторна терапија кај акутна невромускулна слабост стекната во единица за интензивно лекување кај пациенти на продолжена механичка вентилација по хируршка интервенција “. Димитров имаше и презентцаија на тема: „Позиционирање и мобилизации кај долголежечки пациенти во единица за интензивно лекување“4. Дипл. Физиотерапевт Блаже Арсов – „ Меѓутимската соработка на одделот за интензивна нега ,како предуслов за успешно закрепнување во Специјалната болница по хирурчки болести “Филип Втори”. Арсов имаше и постер презентација на тема „ Влијанието на интерминтентиниот CPAP третман во процесот на респираторна рехабилтација кај кардиохируршки пациенти “
Специјален гостин на настанот беше професор Силверио Ди Рока од Италија кој за прв пат во Македонија ја презентираше Миофункционалната Постурална рехабилитација .Неколку од работилниците на кнгресот беа спроведени од сертифицирани физиотерапевти за лимфна дренажа и менаџмент на лимфедемот, комбинирани мануелни техники , Mirror Therapy, функционална магнетна стимулација, и други нови популарни техники од светската физиотерапија.
Еден од Спонзорите на настанот беше Фила Фарм ДООЕЛ која дел од својата понуда ја претстави на присутните .Конгресот официјално беше отворен од Академик Поленаковиќ од Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија „Георги Ефремов“ .
Конгресот допринесе во информирањето и пренесувањето на новите светски достигнувања на Физикалната терапија и рехабилитација а воедно го презентираше и напредокот на македонските физиотерапевти. Во периодот додека траеше конгресот учесниците имаа можност да уживаат во изложбата “Гушни ја реткоста” која беше поставена по повод светскиот ден на ретки болести и за истата придонес дадоа популарни личности од јавниот живот кај нас и лица со ретки болести. Претставници од Националната алијанса за ретки болести беа присутни во текот на конгресот и имаа исклучителна можност на лице место да се консултираат со физиотерапевтите и да ги споделат своите потреби .Во соработка со платформата за активизам “Лице в Лице”колпортерите на истоимениот магазин беа присутни во текот на конгресот со што учесниците на конгресот можеа да го набават магазинот и директно да ги подржат социјално ранливите категории на луѓе од нашето општество.