Zan Mitrev Clinic добива тим физиотерапевти лиценцирани за кинезиотејпинг

My alt text

Викендов во Zan Mitrev Clinic се одржа првата и втората фаза (ниво) од кинезиотејпинг курсот, којшто го следеа физиотерапевтите од клиниката а е во организација на Македонското физиотерапевтско здружение, со техничка поддршка од нашата клиника.

Едукацијата на нашиот тим ќе продолжи и во март следната година каде што физиотерапевтите ќе го проследат третото ниво на курсот каде што ќе се учат некои поспецифични техники од оваа метода. Моментално двајца од физиотерапевтите коишто работат во Zan Mitrev Clinic се Кинезиотејпинг практичари и имаат лиценца за практикување на оваа техника а со курсот на пат се ваква лиценца да добија и останатите тројца од тимот. Едукацијата и стручната наобразба продолжува и се надоградува.

Едукацијата ја спроведува кинезиотејпинг инструкторот Драган Димитријевиќ од Белград, Србија, кој вели дека е фасциниран од нашата клиника од повеќе аспекти.

– Високо професионално, модерно, одлично организирано, сите впечатоци ми се максимално позитивни од Zan Mitrev Clinic. Тука кај вас се пратат па и предводат тие светски стандарди кои ги имам видено во многу врвни болници низ светот. Нивото на организација е супер. Кинезиотејпинг е специфична техника кој јапонскиот стручњак Д-р Кензо Касе го смислил и претставува еден вид револуција во третирањето на човечкиот организам во контекст на оној начин на кој го посматра западната медицина.

Западната медицина го посматра телото локално а ние овде го гледаме холистички, значи се третира целото тело и има специфична дијагностика која покажува на пример ако ве боли рамото не мора да значи дека причината за таа болка е во рамото. На пример, може да ве боли вратот а причината за тоа да биде некаде долу во стапалото.

Кинезиотејпингот е добар затоа што може да се применува во раната фаза на рехабилитација, во раната хируршка фаза и претставува едно неинвазивно средство коешто не користи никаква фармаколошки додатоци во себе и му овозможува на телото само да се излекува.

My alt text

Практично, ние користиме ленти кои ако ги погледнете изгледаат како фластери, меѓутоа, овие ленти се еластични. Обичниот фластер не можете да го растегнете а овие ленти можете, и во зависност од тоа што сакаме да постигнеме лентата ја сечеме на различен начин и ја растегаме до различен степен на тензија според потребата. Лентата се обликува според тоа кој мускул на пример сакаме да го третираме со неа. Оваа метода е многу ефикасна ако некој има отоци, кај некој којшто има хематоми да го забрзаме решението на тој проблем и тогаш на телото да му овозможиме што поскоро да почне да функционира.

Сепак, во кинезиотејпинг постои специфична дијагностика што би значело дека не може секој да лепи кинезиотејпинг и токму поради тоа постојат курсеви каде што сертифицирани инструктори ги учат физиотерапевтите со цел точно да знаат каде треба да лепат и како треба да лепат со цел брзо и успешно заздравување – ни изјави кинезиотејпинг инструкторот Драган Димитријевиќ.

Науката го дефинира Kinesio Taping како техника на лепење на „Kinesio Tex“ ленти, кои се дизајнирани да го забрзаат процесот на природно лекување на организмот, обезбедувајќи поддршка и стабилност на мускулите и зглобовите, без нивно ограничување.

Кинезио тејпингот се темели на концептот на олеснување на мускулните и кожните движења, со цел да се постигне биомеханички, терапевтски ефект врз третираните зони.

My alt text

Лентата со своите микро движења ги стимулира кожните и поткожните рецептори, стимулирајќи го нервниот систем кој го условува мускулниот рефлекс. Освен тоа, лентата со помош на кожната стимулација го редуцира лимфниот и крвниот застој, ја подобрува локалната микроциркулација и го олеснува намалувањето на отокот. Лентата всушност, преку набирање на кожата го зголемува интра клеточниот простор со што ја олеснува лимфната дренажа, т.е, со намалување на тензијата врз поткожните рецептори за болка се редуцира болката и се превенира околното ткиво од повреди, едеми и крвавења.

Основачот на оваа техника Д-р Кензо Касе ја посети нашата болница пред две години во рамки на неговата посета на Македонија по повод Вториот конгрес на физиотерапевти и имаше можност лично да ја разгледа болницата.

ZMC ценет партнер во Европска федерација на асоцијации на сестри за интензивна нега

My alt text

„Како една од членките на европската Федерација на асоцијации на сестри за интензивна нега редовно учествуваме на состаноците што се одржуваат со цел да бидеме во тек со новостите во сестринската нега или промена на стандардите во негата во Европа и пошироко“ – вели Жанета Богоевска Митева, главна сестра  на болничкиот дел на Zan Mitrev Clinic, воедно и претставник на Здружение на сестри за интензивна нега.

Таа појаснува дека тоа се состаноци на претставниците на земјите членки  на Федерацијата каде што секоја земја има свои делегати кои два пати годишно се состануваат со цел размена на информации, креирање нови проекти од научно – истражувачка дејност а сето тоа со главна цел сите овие земји членки да бидат вклучени и да дадат свој допринос во тие текови а и да ги следат и имплементираат позитивните промени и искуства кои со помош на овие научни проекти влијаат на промена на водичите и стандардите за сестринска нега.

Во склоп на активностите би спомнале неколку:

  • MICU – Мултикултурализмот на интензивна нега, проект кој што беше спонзориран од ЕРАЗМУС Плус и кој со подршка на Европската федерација успешно заврши од истиот овој проект наскоро ќе произлезе и сестрински е- курс.

 

  • DecubICUs – проект во кој што учество зедоа интензивни неги со над 11 000 пациенти. Нашата интензивна нега беше еден од учесниците од која што резултатите ќе допринесат кон менување или потврдување на стандардите за превенција и третман на декубит на интензивна нега.

 

  • Како една од активностите на оваа федерација е и организирањето на конгреси. На осмиот конгрес кој што ќе се организира како наш претставник сестра Жанета Богоевска Митева која има два апстракти од кои едниот е на темата Како ние во Zan Mitrev Clinic, ги едуцираме нашите сестри во школата која ја организираме а вториот е за квалитетот и спецификите околу исхраната на нашите пациенти.

– Тоа се апстракти кои што треба да ги презентирам на конгресот кој што треба да се одржи во февруари следната година –  вели Богоевска Митева.

Сите овие наши активности допринесуваат за подобрување на квалитетот и негата за следење на европските текови и како дел во научно – истражувачката дејност заедно со сите партиципираме и делуваме на позитивни промени во унапредувањето на стандардите во овие области.

Од досегашното искуство можеме да констатираме дека нашите искуства се добредојдени и виско ценети и се прифаќаат и поради високото рангирање на клиниката од искуството од пацинетите по што ние се етаблиравме како рамноправен и ценет соработник.

 

My alt text

Решавање на спад на гениталните органи кај жените

Кај постарите жени кои повеќе не се сексуално активни, едноставна процедура за решавање на спадот на гениталните органи е вагинална операција т.н. колпоклеиза. Постапката е опишана од “Ле Форт” и вклучува отстранување на дел од предниот и задниот вагинален ѕид, со затворање (шиење) на краевите на предниот и задниот ѕид еден со друг.

Оваа постапка може да се спроведе без оглед дали е присутна матката, грлото на матката.

По 5 години Алексеј Шестак од Москва повторно во Zan Mitrev Clinic

 

 

Пред пет години на младиот архитект од Москва, Алексеј Шестак, за кратко време многу му се влошила здравствената состојба. Со висока температура и речиси во бесознание бил однесен во една од московските болници каде одлежал десетина дена без при тоа да му се подобри состојбата.

– Имав континуирано дест дена многу висока температура. Имав проблеми до работата на срцето но и покрај упорноста на тамошните доктори за сето време додека лежев во болницата не ми беше прецизно дијагностицирана ниедна болест. Очигледно беше дека морам да барам спас на друго место. Се обратив до доктор Артур Дормитор кој пак за моја среќа долго време соработувал со доктор Жан Митрев, и тој веднаш ме препорача тука. Под итна постапка со авион бев испратен во тогашната болница на доктор Жан Митрев која се наоѓаше во Воената болница во Скопје. Речиси и да не бев свесен што ми се случува ја водев трката со времето, за спас на мојот живот – вака ја започнува својата животна приказна овој наш пациент од Русија кој по 5 години повторно е во нашата клиника, но сега само на контролен преглед инициран токму од доктор Жан Митрев.
Алексеј Шестак во нашата клиника престојувал два месеца, време за кое уште првите денови му била дијагностицирана почетна сепса и бактериски ендокритит. Нашите доктори веднаш почнале борба со инфекцијата за понатаму да се изврши операцијата на аортната валвула која била неопходна. Но, и тука не било се така едноставно. Инфекцијата била толку јака што не можела да се искорени за кратко време па се одлучило во услови на инфективен синдорм да се направи операцијата на валувалата. Со овој чин Алексеј Шестак бил првиот пациент на кој оваа операција му била направена во такви услови, со инфективен синдром. Замената на аортната валвула поминала успешно а борбата со инфекцијата продолжила. Врвната медицинска нега и постојаното следење на секој миг под будното око на нашите доктори донело до резултат после два месеца Алексеј да може да си замине дома.

– Јас речиси и да не бев свесен тие два месеца што се случуваше со мене. Потоа дознав дека за прв пат врз мене била употребена некоја нова метода на хемофилтрација, метода која после се употребувала успешно и кај други пациенти, што ми е посебо драго. Бескрајно му благодарам на доктор Жан Митрев и на целиот тим што пред 5 години ми го спасија животот и ми овозможија нормално да продолжам да живеам. Се занимавам и со спорт и немам никакви ограничувања. Сега после 5 години ја гледам новата болница и фасциниран сум од напредокот. Можам да кажам дека ваква болница немаме во Москва и дека сите вие треба да бидете благодарни што еден ваков здравствен капацитет го имате во вашава држава – задоволно раскажува Алексеј.

По разледувањето на Скопје и неколку места низ државава тој заминува дома продолжувајќи со својот живот во што му посакуваме успех и среќа.

Доктор Жан Митрев: Мотивацијата директно значи и успех

My alt text

„Црвен крст во Акција-Промоција на хумани вредности“ (ЦКА-ПХВ) е проект кој со години континуирано се имплементира во нашава земја од страна на Црвениот крст на град Скопје, кој е назначен за имплементатор од страна на Црвениот крст на Р. Македонија. Во одбележувањето оваа година свое учество зеде и првиот човек на клиниката „Zan Mitrev Clinic“, доктор Жан Митрев.

Идејата за овој проект беше инициран уште во 1996 година од страна на Црвениот крст на Македонија и Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), со поддршка на Норвешкиот Црвен крст. Проектот претставува домашен производ создаден во склад со локалните обичаи и културни норми, и постојано надградуван согласно потребите кои ќе се појавуваат на теренот.

На настанот којшто се одржа на 03.10.2018 година во МНТ доктор Жан Митрев се осврна на мотивацијата како тема со посебен акцент на младите.

My alt text

– Мотивацијата е нешто што директно се поврзува со мозокот а многумина го поврзуваат и со срцето. Срцето е пак еден таков единствен орган којшто се движи а ние не можеме тоа да го почувствуваме а истовремено тоа учествува во нашите чувства а пак мотивацијата е составен дел на нашето живеење, на нашите чувства. Кога ќе погледнете од некоја друга страна мотивацијата во општеството претставува голема наука. Со тоа се бават различни институти и многу научници. Главно прашање е како настанува мотивацијата кај луѓето. Или пак обратното, зошто некој ја нема. Во светски рамки тоа е проблем за многу млади лица. Бидејќи токму тие во сите овие нови општествени движења не можат да се снајдат. Тие не можат да се мотивираат за нешто, нешто да почнат да прават оти не гледаат некоја смисла или суштина во сето тоа. Мотивацијата директно значи и успех – потенцираше доктор Митрев.

Меѓу другото оваа програма е за да ги научат младите да ги почитуваат оние вистински вредности на животот: мир, толеранција, соживот и сето тоа под закрилата на хуманоста и вистинските принципи коишто ги носи Црвениот крст, се потенцираше на настанот.

Главната цел на ЦКА-ПХВ е вклучување на младите со различна етничка припадност и од различни други групи во заеднички проекти за изградба на заемното разбирање, толеранцијата и културата на дијалог.

Мисијата на програмата ЦКА-ПХВ е промовирање на културата на дијалог како основен предуслов за создавање на интеркултурно општество и промовирање на активно знаење и активен однос кон животот, преку принципите и вредностите на Црвениот крст.

Кои се можностите за младите доктори во Zan Mitrev Clinic?

My alt text

Zan Mitrev Clinic отвора можност за младите доктори веднаш после завршување на студиите да се пријават за работа во Zan Mitrev Clinic и после 1 месец волонтирање и соодветна селекција, да добијат вработување со почетна плата од 800 евра. Кога ќе почнат со дежурства за викенди, истите дополнително се плаќаат.

На овој начин младите доктори добиваат можност за понатамошна едукација и усовршување во разни медицински техники и технологии.

После една година од вработувањето, доколку се докажат во работата, добиваат специјализација, која ја сакаат и која е потребна на клиниката, како кардиохирургија, васкуларна, торакална, абдоменална, уролошка хирургија, неврохирургија, пластична хирургија … односно сите хируршки гранки, или пак анестезиологија, интерна медицина, кардиологија, гастроентерологија, неврологија, педијатрија, итн… т.е. сите интернистички гранки.

За време на специјализацијата активно ќе бидат вклучени во работата на клиниката, со цел поголемо остручување во таа област и како специјализанти од втора година добиваат плата која ќе се движи околу 1500 евра во денарска противвредност

По завршување на специјализацијата добиваат договор за вработување на неопределено време со обврска да работат најмалку 8 години како специјалисти и почетна плата која ќе се движи околу 2500 евра во денарска противвредност со можност за покачување.

Со ова се овозможува во Zan Mitrev Clinic сите млади доктори да ја градат својата кариера и животен пат, без притоа да мора да размислуваат за заминување во странство, бидејќи светските стандарди се дел од нашата работа.

Во текот на целата едукација и работење, младите доктори се вклучени во разни клинички научни студии од интерен и меѓународен карактер, со што се стимулираат на учество на конгреси и семинари, при што клиниката целосно ги сноси трошоците за нивното учество.

Понатаму се нудат сите стимулативни мерки за доедукација за магистерски и докторски студии и добивање на официјални академски титули.

Моментално во Zan Mitrev Clinic се потребни најмалку 10 млади амбициозни доктори со завршени студии. Сите кои ги исполнуваат горенаведените услови може да се пријават на овој оглас.

Заинтересираните може да се пријават на следниот е-маил: vrabotuvanje@zmc.mk

Презентација на компанијата SYNERGY која е застапник на VIVOSTAT од Данска

Денеска во аудиториумот на Zan Mitrev Clinic се одржи презентација од страна на компанијата SYNERGY која е застапник на компанијата VIVOSTAT од Данска за автологен фибрински лепак.

Тема на презентацијата беше „Примена на автологни ткивни адхезиви во кардиохирургија“.